Томе МомировскиТоме Момировски (роден на 4 април 1927 година во Кичево) — македонски раскажувач, романописец, есеист, критичар и преведувач.[1] ЖивотописМомировски завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил главен уредник на списанијата „Иднина“ (Скопје), „Културен живот“ (Белград), на весникот „Млад борец“ (Скопје) и на Радио Скопје, како и уредник на списанијата „Современост“, „Културен живот“ и „Погледи“ во Скопје. Член на ДПМ од 1957 година и секретар на ДПМ. Бил министер за култура на Македонија, претседател на Културно-просветната заедница на Македонија, претседател на Комисијата за култура и уметност на Сојузната конференција на Југославија и др. Член на Македонскиот ПЕН центар и негов почесен потпретседател. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“, „РТВ на СВП“, „Климент Охридски“ и „Мито Хаџивасилев - Јасмин“. ТворештвоМомировски пишувал книжевност за деца и за возрасни. Најчеста тема во неговите дела е НОБ, но пишува и за современиот живот на обичниот човек. Во основата, тој е реалист, но во романот „Грешна недела“ покажува интерес и за модернистички пристап.[2] БиблиографијаМомировски е автор на следниве дела:
НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia