Томе НиколовскиТоме Пецев Николовски ( 1922 во Сарај, Скопско — 23 август 1945 во Нови Пазар, Кралево, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописПотекнувал од cиpомашно селско семејство. Се занимавал со земјоделство. На 10 септември 1944 година стапил во НОВ и ПОЈ и учествувал во завршните операции за ослободувањето на Македонија. Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада заминал за Сремскиот фронт. Бил борец во третата чета на првиот баталјон. Учествувал ѝ во завршните операции за ослободување на Војводина и Хрватска, како и во гонењето на непријателските сили од територијата на Југославија. На 23 август 1945 година, загинал во несреќен случај, што го предизвикал превртувањето на камионот во кој патувал. Бил погребан на патот меѓу Нови Пазар и Краљево.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia