Споредувајќи го тонганскиот јазик со другите полинезиски јазици, можно е да се реконструира зборовниот фонд на праполинезискиот јазик.
Тонганскиот јазик е малку необичен за останатите полинезиски јазици поради својот дефинитивен акцент. Како и сите полинезиски јазици, тонганскиот го прифатил фонолошкиот систем на праполинезискиот јазик.
Тонганскиот јазик го зачувал праполинезискиот глас *h, но се споил со оригиналниот *s како /h/ (гласот /s/ што го има во тонгоанскиот јазик доаѓа од гласот *t пред висока самогласка). Повеќето полинезиски јазици го изгубиле праполинезискиот глас /q/ но се задржал во тонгоанскиот јазик, како и во рапа јазикот.
Во праполинезискиот јазик гласовите *r и *l биле посебни фонеми, но денес во скоро сите источни полинезиски јазици тие се споиле во еден глас па така имаат глас /r/, а додека во западните се спиле во /l/. Оваа поделба не важи за тонгоанскиот јазик бидејќи го зачувал гласот /l/ а го изгубил гласот /r/.
Во старата т.н. мисионерска азбука, самогласките биле прво ставани па потоа следувале согласките. Тоа било така сѐ до Привискиот советот и со одлуката на советот во 1943 за правописот на тонгоанскиот јазик. Како и да, се користи стандардниот распоред на латинските букви па така имаме:
Правописот на тонганскиот јазик е фонетски[1], исто како во македонскиот јазик.
Едно од правилата на тонганскиот јазик е дека две согласки не може да стојат една до друга, мора да има самогласка меѓу нив. Од другата страна пак дозволено е да се има повеќе самогласки една до друга во еден збор. Исто така, важно е да се напомене дека ниту еден тонгански збор не може да завршува на согласка.[2]
Акцентот во тонганскиот јазик најчесто паѓа на претпоследниот слог од зборот. Сепак има исклучок од ова правило. Првиот исклучок е ако има долга самогласка, тогаш акцентот паѓа на таа самогласка. Вториот исклучок е ако зборот пред него има определен член 'e' или 'he', тогаш акцентот е на последниот слог.[3]
Феноменот на дефинитивен акцент му дозволува на тонгоанскиот јазик да има три нивоа на членови:
неопределениот член ha. Пример: ko ha pālangi ('бел човек', или било кој човек надвор од тонга.)
полуопределениот член (h)e. Пример: ko e pālangi ('белиот човек' во смисла дека човекот не припаѓа на друга раса туку како подгрупа на таа раса (ако има))
определен член (h)e со сменет ултимативен акцент. Пример: ko e pālangí ('белиот човек').
Заменки
Тонганскиот јазик разликува три граматички броеви: еднина, множина и двоина. Тие се појавуваат во трите колони подолу. Јазикот исто така разликува четири лица: прво лице (лексклузивно), прво лице (инклузивно), второ лице и трето лице и тие се во четирите главни редови во табелата подолу.
Ова дава 12 главни групи. Во секоја група заменката може да биде во функција како подмет (црвено) или прирок (зелено). Тоа е разликата за разлика од другите полинезиски јазици каде се наведува како а-присвојност и о-присвојност.
Лични заменки
Основните заменки се главните лични заменки кои во тонганскиот јазик можат да бидат пред глаголот (светла боја) или после (темна боја). Првите се нормалните подметни заменки.
Основни заменки
Позиција
Еднина
Двоина
Множина
1 лице
ексклузивно (јас, ние, нам)
пред.
u, ou, ku
ma
mau
пост.
au
kimaua
kimautolu
инклузивно (еден, ние, нам)
пред.
te
ta
tau
пост.
kita
kitaua
kitautolu
2 лице
пред.
ke
mo
mou
пост.
koe
kimoua
kimoutolu
3 лице
пред.
ne
na
nau
пост.
ia
kinaua
kinautolu
Manatuʻi:
сите заменки што одат пред глаголот со еден слог се енклитички кои немаат акцент, туку го ставаат на самогласката пред него. Пример: ʻoku naú наспроти ʻokú na (not: ʻoku ná).
Прво лице еднина, Јас користи u после kuo, te, ne, и исто така ka (станува kau), pea, mo и ʻo; но користи ou после ʻoku; и користи ku после naʻa.
Прво лице инклузивно (Јас и ти) е некако слично. Значењето на te и kita може често да се замени со еден. Пример:
Naʻa ku fehuʻi: Јас прашав
Naʻe fehuʻi (ʻe) au: Јас(!) прашав (нагласено)
ʻOku ou fehuʻi au: Јас се запрашав
Te u fehuʻi kia te koe: Јас ќе те прашам
Te ke tali kia te au: Ти ќе ми одговориш.
Kapau te te fehuʻi: Ако некој праша.
Tau ō ki he hulohula?: Дали сите одиме на балот?
Sinitalela, mau ō ki he hulohula: Пепелашка, ние одиме на бал.
Друг архаичен аспект на јазикот е ретензијата на заменките што одат пред глаголот. Тие се користат помалку во самоански јазик, исчезнал во другите полинезиски јазици.
hongofulu ma taha, taha-taha (11), uongofulu ma fā, ua-fā (24), …; исклучоци: uo-ua (22), nime-nima (55), hive-hiva (99)
teau (100), teau taha (101), … teau hongofulu (110), teau-ua-noa (120), uongeau (200), tolungeau (300), … Но за покомплексни броеви: taha-taha-taha (111), … uo-uo-ua (222), fā-valu-ua (482), …
afe, taha-afe (1000), ua-afe (2000), …
mano (10000)
kilu (100000)
miliona (1000000)
ʻOku fiha ia? (колку тоа кошта)?) Paʻanga ʻe ua-nima-noa (T$ 2.50)
Покрај ова има и традиционално броење за риби, кокоси и сл.
Книжевност
Тонганскиот е јазик што има поголема традиција како орален отколку пишан јазик. На тонгански се преведени Библијата, Книгата од Мормор и уште неколку позначајни книги. Во Тонга се издаваат неколку месечни и седмични весници и списанија на тонгански.
Ko e kotoa 'o ha'a tangata 'oku fanau'i mai 'oku tau'ataina pea tatau 'i he ngeia mo e ngaahi totonu. Na'e fakanaunau'i kinautolu 'aki 'a e 'atamai mo e konisenisi pea 'oku totonu ke nau feohi 'i he laumalie 'o e nofo fakatautehina.
Македонски
Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Зборот „табу“ е од тонганско потекло, кој навлегол во македонскиот јазик преку англискиот. Во англискиот јазик зборот навлегол кога Џејмс Кук ја посетил Тонга. Зборот на тонгански е tapu, на фиџиски е tabu, на мароскиtabu итн. Во превод зборот значи „забрането“[4] Првата употреба во англискиот јазик датира од 1777 година.