Тони Јаневски
Тони Јаневски (Скопје, 1972) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1] ЖивотописТони Јаневски е роден во Скопје во 1972 година. дипломирал, магистрирал и докторирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1996, 1999 и 2001 година, соодветно. Во периодот од 1996 до 1999 година како главен инженер во Мобимак (денес „Македонски Телеком“) учествувал во дизајнирањето и имплементација на првата мобилна јавна мрежа во Република Македонија. На Факултетот е вработен како асистент во 1999 година. Во 2001 е избран во звањето доцент, во 2005 година во звањето вонреден професор, а во 20хх во редовен професор. Во текот на 2001 година работел како гостин-истражувач во истражувачкиот центар Watson на компанија та IBM во Њујорк. Во наставата предава предмети од областа на телекомуникациите на додипломски и на магистерски студии, поконкретно предмети за интернет технологии, комутација и рутирање, дизајн и моделирање на телекомуникациски мрежи и за безжични IP мрежи.[1] Награди
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia