Со наградата Гоце Делчев се оддава општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија. Наградата се доделува за научно остварување објавено во претходната година. Наградата под услови определени со Закон за државните награди (“Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2006) се доделува на поединци или на група творци од земјата или од странство.
Конкурирање и доделување
Доделување на наградата „Гоце Делчев“ во Свечената сала на Собранието на Република Македонија за 2017 година
Право на конкурирање имаат дела што се објавени, рецензирани и каталогизирани. За датум на објавувањето се смета датумот што е објавен во каталогизацијата на публикацијата. Поединец или група творци може да биде добитник на награда за остварување во истата област само еднаш. Член од група творци може како поединец да биде добитник на наградата за друго остварување и во истата област.
Предлози за доделување на наградата можат да поднесат: Македонската академија на науките и уметностите, универзитетите, научните установи, истражувачко – развојните единици во стопанството, научни и стручни здруженија и граѓани.[1]
За првпат, наградата е доделана во 1949 година, а прв добитник бил Блаже Конески. Вториот добитник на наградата бил Драган Ташковски. Доделувањето на наградата мирувало до 1978 година, кога била возобновена и оттогаш постојано се доделува на еден, двајца или тројца научни работници (или колектив).[2]
проф. д-р Трифче Сандев и д-р Александар Иомин за делото „Специјални функции на фракционо сметање: Апликации на дифузија и случајно пребарување“;
проф. д-р Нано Ружин за делото „Балкански иконографии“;
д-р Александар Василевски за делото „Поствизантиски претстави на Страшниот суд од Република Северна Македонија - идејна основа, ликовни извори и иконографска анализа“