Тони Симиќ
Тони Симиќ (роден на 8 јуни 1976 во Скопје) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец. Тони Симиќ играл на центарската позиција. Тој е моментално тренер на Баскет Кам. КариераТони Симиќ имал кратка меѓународна кариера во полски Котвице во 2005 година кога на почетокот на сезоната одиграл два натпревари.[1][2] Во летото 2010 година, откако клубот од претходната сезона Вардар Осигурување се распаднал, Симиќ потпишал договор со Торус. Но таму не останал долго и веќе во септември бил во редовите на Работнички во пресрет на сезоната 2010/11.[3] Таа сезона, Симиќ со Работнички го освоил Купот на Македонија 2011, а и бил вицепрвак во Првенството. Откако бил без клуб во сезоната 2015/16, во декември Симиќ потпишал за второлигашот Гостивар.[4][5] Во 2016 година Симиќ се пензионирал како кошаркар и станал тренер на младинската школа на Работнички.[6] Потоа Симиќ станал младински тренер на Партизан Мулти Шпед.[7] Во сезоната 2018/19, Симиќ станал тренер на сениорите на Партизан Мулти Шпед Водно Санс, екипа која се натпреварувала во Втората лига.[8] Следната сезона, Симиќ продолжил како тренер на Партизан Водно Санс.[9] На полусезоната од сезоната 2020/21, Симиќ го напуштил Партизан Водно Санс и се преселил во Баскет Кам.[10][11] Успеси
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia