Топлинско разложување![]() Топлинско разложување, топлинско распаѓање или термолиза — хемиско разложување на една супстанција предизвикано од топлина. Температурата на разложување е температурата на која супстанцијата хемиски се разложува. Реакцијата обично е ендотермна бидејќи е потребна топлина за раскинување на хемиските врски во соединението. Ако разложувањето е доволно егзотермно, се создава позитивна повратна спрега, поттикнувајќи топлински излив и можеби експлозија или друга хемиска реакција. Топлинското разложување е хемиска реакција каде топлината има улога на реактант. Бидејќи таа е реактант, овие реакции се ендотермни, што значи дека на реакцијата ѝ е потребна топлинска енергија за да ги раскине хемиските врски во молекулата.[1] Дефиниција за температура на разложувањеЕдна проста супстанција (како водата) може да постои во рамнотежа со нејзините производи од топлинско разложување, со што фактички разложувањето се сузбива. Рамнотежната дропка на разложени молекули се зголемува со покачување на температурата. Бидејќи топлинското разложување е кинетички процес, забележаната температура на почетокот во највеќето случаи ќе биде функција на опитните услови и чувствителноста на опитната устроеност. Построга претстава за процесот се добива со термокинетичко моделирање.[2] Главна дефиниција: Топлинското разложување е распад на соединение на две или повеќе различни супстанции користејќи топлина, и претставува еднотермна рекација Примери
Разложување на нитрати, нитрити и амониумски соединенија
Спремност за разложувањеКога металите се наоѓаат близу дното на ред на реактивност, нивните соединенија лесно се разложуваат при висока температура. До ова доаѓа поради силните врски кои се образуваат помеѓу атомите кон врвот на редот на реактивност, и силните врски тешко се раскинуваат. На пример, бакарот е близу дното на редот, и бакар сулфатот (CuSO4), почнува да се разложува на 200 °C (473 K), чие разложување нагло се засилува на температури до 560 °C (833 K). За разлика од него, калиумот е близу врвот на редот, и калиум сулфатот (K2SO4) не се разложува во неговата точка на топење при 1.069 °C (1.342 K), па дури ни во точката на вриење. Практична применаМногу нешта во практичиот свет се засегнати од топлинско разградување. Едно од нив се отпечатоците. Кога некој ќе допре нешто, има остаток од прстите. Ако прстите се потни, или имаат повеќе маснотија, остатокот содржи многу хемикалии. Де Паоли и нејзините колеги направиле проучување, испробувајќи го топлинското разложување на извесни составници во отпечатоците. Кога се изложени на топлина, примероците од аминокиселини и уреа почнале да се разградуваат на 100 °C (373 K), а млечната киселина почнала да се разложува на околу 50 °C (323 K).[4] Бидејќи овие составници се потребни за понатамошно испитување, разложувањето на отпечатоците е од важност во вештачењето. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia