Џозеф Пристли
Џозеф Пристли (англиски: Joseph Priestley) (13 март 1733 - 6 февруари 1804) — англиски материјалистички филозоф, психолог, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот диоксидот и јаглеродниот диоксид. ЖивотописЗадоен од прогресивните идеи, Пристли ја поздравил француската револуција и бил член на „Друштвото на пријателите на француската револуција“. Како последица на тоа, во 1791 година, приврзаниците на реакционерните идеи му ја нападнале куќата и му ја уништиле лабораторијата, а тој морал со семејството да побегне во Лондон, а во 1794 година се преселил во Америка.[1] Философските погледи на ПристлиВо однос на религиозните проблеми, Пристли бил приврзаник на деизмот и верската толеранција. Оттука, тој бил силен критичар на празноверието, но исто така и на атеизмот. Но, од друга страна, тој бил приврзаник на материјалистичките сфаќања во областа на психологијата. Во своето дело „Хартлиевата теорија за човечкиот дух на принципите на асоцијацијата на идеите“ (Hartley's theory of human mind on the principles of the association of ideas), објавено во 1755 година, тој ги застапувал идеите на Дејвид Хартли. Во подоцнежните дела, како што се „Истражувања за материјата и духот“ (Discussions relating to matter and spirit) и „Доктрината на филозофската нужност“ (The doctrine of philosophical necessity) од 1777 година, како и „Слободни дискусии за доктрините на материјализмот“ (Free discussions on the doctrines of materialism) од 1778 година, тој отишол чекор напред во споредба со Хартли.[2]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia