Тоскиски говори во Република МакедонијаТоскиски говори во Република Македонија со одлука се прогласени за културно наследство со особено значење, подкатегорија исклучително значење на „Преодни (гегиско-тоскиски) говори во Република Македонија, Струшки. Според член 41 од Законот за заштита на културно наследство (Службен весник на РМ бр.20) и член 24 од Правилникот за валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство (Службен весник на РМ бр.115/07). Доброто има национална класификација за културно наследство број 3.2.3.3.3.[1] Опис на добротоПреодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија –Струшки претставуваат составен и значаен дел од дијалектната база на албанскиот јазик, односно дел од албанското духовно културно наследство. Според дијалектната диференцијација на албанскиот јазик (J.Gjinari,Dialetet e gjuh [s shqipe,Tiran [1989;Bahri Beci,Vendi I t[folmeve shqipe t[Maqedonis [n [struktur[n[dialektore [t[shqipes , Jehona,nr.1-2 Shkup 1994; A.V.Desnickaja , Dialektet e gjuh[s shqipe , Tiran[,1977.) преодните (гегиско –тоскиски) говори во Р Македонија се составен дел на преодните (транзитните) говори кои се простираат по должината на двете страни на реката Кумбин Р.Албанија. Во преодните (гегиско-тоскиски ) говори во Р Македонија спаѓаат: Дел од говорот на градот Струга и Струшко, Битола и Битолско (Острец , Злокуќан). Преодните (гегиско-тоскиски) говори ги носат белезите и карактеристиките на гегиските и тоскинските говори во Р.М. Исто така,вовие говори се одликуваат со голема дијалектна диференција и мешање на фонетско-фонолошко, морфолошко и синтаксичко рамниште од тоскинските и гегиските говори во Албанија. Од друга страна преодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија се во непосреден контакт и влијание (во лексиката и зборообразувањето) со јужнословенските балкански јазици, пред се со македонскиот и несловенските јазици, ароманскиот, турскиот, ромскиот и сл. Преодните (гегиско- тоскински) говори во Р Македонија претставуваат значаен извор за податоци во врскра со историјата и дијалектологијата на албанскиот јазик, со оглед на фактот дека во говорите се чуваат архаични форми и јазични појави кои се карактеристични за дијалектниот јазик и не се регистрирани во албанскиот стандарден јазик. Во преодните( гегиско-тоскински) говори во Р Македонија се зачуваље фонетско-фонолошки, граматички, лексички и зборообразувачки разновидности, кои се карактеристични за транзитните мешани говори во Р.Албанија, па оттука е важноста за чување и заштита за дијалектите на албанскиот јазик, вклучувајќи ги и преодните (гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија. Од друга страна пак, овие говори претставуваат и огниште на ред иновациски појави (социолингвистички, лексички интервенции и јазични мешања во граматичката структура и во дијалектната лексика со јужнословенските (Македонскиот) и несловенските балкански јазици (грчкиот, ароманскиот, ромскиот и турскиот) како резултат на меѓудијалектниот контакт и јазичната интерфенција. Во речникот на преодните (гегиско-тоскиски) говори се искорпорирале голем број заменки од (не)словенските балкански јазици, како резултат на билингвизмот и плурилингвизмот во Струшкиот и Битолскиот. Во досегашните дијалектолошки истражувања е собран и запишан дел од јазичниот материјал на преодните (гегиско – тоскиски) говори од Струшко и Битолско. Познато е дека поради миграционите движења на населението од овие пунктови сè помалку луѓе го зборуваат својот говор, така што е потребно поскоро да се направат дополнителни текстови од овие говори. Режим за заштитаЗа заштита и за зачувување на дијалектите на албанскиот јазикт, на преодните(гегиско-тоскиски) говори во Р Македонија, како нематеријално културно наследство од особено значење, се предлага режим на заштита од прв степен. Со овој режим им се воспоставува почитување и негување на преодните (гегоско- тоскиски) говори во Р Македонија во нивната изворна форма на територијата што ја зафаќаат. Турските говори во Република Македонија ги опфаќа говорите на Албанците од Преспанско (со градот Ресен), говорот на Албанците од Струшко и Охридско (Струга и Охрид),говорот на Албинците од Биролско и говорот на Албанците од Ресенско. Досегашните дијалектолошки и лингвистички истражувања на тоскиските говори во Р Македонија, иако се скромни, сепак дават јавна слика и претстава да се извлечат определени заклучоци за нивните основни јазични карактеристики и белези за местото и улогата што ги заземаат во дијалектната структура во aлбанскиот јазик. Тоскиските говори во Р Македонија се простираат на периферното подрачје на албанската дијалектна почва и биле предмет на истражување, анализа и пручување од страна на познати лингвисти (албанолози, слависти и балканисти). Тоскиските Албански говори Р Македонија во најширока смисла на зборот ги носат белезите и карактеристиките на североисточните говори на Тоскискиот дијалект во Р.Албанија. Овие говори не се одликуват со голема дијалектна диференцијација во споредба со североисточните албански говори во Р.Албанија на сите јазични рамништа: фонологија, акцент, интонација, прозодија, лексика, зборообразување, морфологија и ситакса. Од друга страна тоскиските албански говори се во непосреден контакт со јужнословенските балкански јазици (македонскиот)и несловенските јазици (ароманскиот, турскиот и грчкиот јазик ). За тоскиските албански говори во Р Македонија се публикувани или објавени следните студии и монографи:Б.Конески,материјали за преспанскиот говор од збирката на С.Н.Томич MJ,год VIII,kn.2,Skopje,1957; E.Hoxa. Тоскискиот говор на Струга и Струшко , Скопје 1979;Z.Osmani,Албанскиот говор на Битола и Битолско, Скопје 1997; Говорот на Албанците во Преса, Скопје 2003. Исто така , албанските говори во Македонија биле предмет на истражување и во албанскиот дијалект атлас(ADGJSH). Материјалите за албанскиот дијалект атлас, главно, се ексцерпирани во следните пунктови: Крани, Асамати, Наколец, Грнчари, градот Ресен, Кишава, Острец, Злокуѓани, Нижополе, Црновец, Абјани, Трново и градот Битола, Калишта, Радолишта, Франгово, Долна Белица и Заграчани(Струшко) и градот Струга, Градец (охридско) и градот Охрид. Утврдените и назначени пунктови даваат можност да се забележат основните фонетско-фонолошки, морфолошки, лексички особености на тоскиските говори во Р Македонија, како и да се определи местото што тие го завземаат во дијалектната структура на албанскиот јазик. Истражувањата, описот и анализата на јазичниот материјал од споменатите пунктови за албанските говори во Р Македонија ќе придонесат да се расветлуваат одделени проблеми и прашања од областа на албанистиката, социолинфвистиката и балканистиката во западните говори како резултат на интезивните меѓусебни јазични и лексички контакти и интерференции. Географско –дијалектна границаНа територијата на Западна и Југозапдна Македонија, поточно јужно од Струга и Струшко, минува границата што ги дели двата осовни дијалекта на албанскиот јазик: гегискиот (на север) и тоскискиот (на југ). Двата албански дијалекти, гегискиот (северно од реката(Кумбин) и тоскискиот (јужно од оваа река) се разликуваат, главно на фонетско рамниште. Од поважните диференцијални црти треба да се спомне преоѓањето на интервокалното н>р (н > р) и алтернацијата на акцентираните самогласки а, е во (согласки во јужниот дијалект, односно одсуството на истите појави во северниот, каде што главно, е сочувана нажалната артикулација на самогласките пред назалните согласки. Природни е дека тие имаат и други разликувачки особености,како што е присуството на инфинитивот од типот ме ба (да прашама), во гегискиот, наспрема неговото отсуство во тоскискиот и др. Посебни карактеристикиМеѓу лингвистите З.Османи и Е.Ноха се првите кои прават обид за утврдување на местото на тоскиските албански говори во Р Македонија во дијалектна структура на албанскиот јазик во овој дијалектен комплекс. Уште во 1975 година, укажувајќи на основните особености на тоскиските говори во Р Македонија, тие забележале дека албанското население зборува на еден дијалект што припаѓа на североисточните тоскиски говори кои се блиски и се совпаѓаат со говорите што се зборуваат во Корча и Корчанско, Поградец и околните села и сл. До овие сознанија авторите главно се попираат врз истражувањата на албанските дијалектолози, А.В.Десницкаја, Ј.Инари, Б.Беци, М.Тотони, и др. Основните карактеристики што ги поврзуваат тоскиските албански говори во Р Македонија се североисточните говори во Р.Албанија се следните: 1.употреба на темниот вокал во сите позиции; 2.присуство на ротацизмот зуна, зура, куна, бана; 3.зачувување на консонантите групе Ч мб, нд, нг, нгј(мбај,мбуцх), нд (гјој,нгас,нгјат); 4.доследна употреба на глаголските форми на партицип, герундиви инфинитив,(п(р(т(нгар(,дуке нгуар ; 5.запазување на вокалнитњ групе Чау, уе(уа,уе)груа, тхуа, дуар, м(суес; ПотеклоТоксиските албански говори во Р Македонија, впрочем како и другитe албански говори потекнувааат од јазикот на албанското население кое живее во Р.Албанија и во другите места на Балканскиот Полуостро (Северна Грција, Р.Јужна Србија, Косово, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и др.) Според историските и лингвистичките истражувања тоскиските говори во Р Македонија потекнуваат од тоскискиот дијалект (Ј.Инари). Процесот на дијалектната диференцијала на тоскиските говори во Р Македонија може да се следи од XVIII XIX и почетокот на XX век. Некои иновации се забележуваат и порано, уште во XVII век. Голем број иновации се зародени во периодот на почетокот на XIX и XX век. Во овие рамки може да се разгледува и процесот на дијалектната диференција на тоскикиските говори на територијата на Република Македонија. Критериуми врз кои е извршена валоризација на добротоКритериуми кои се однесуваат на својствата на доброто
Критериуми кои се однесуваат на функциите на добротоОсновна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на албанските тоскиски говори како специфично и идентификациско обележје на албанското население во Република Македонија. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни видови на стопанството, економијата, традицијата, културата. Албанските тоскиски говори се предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на албанските дијалекти и запознавање на учениците и студентите со одделни карактеристики на говорите на албанскиот јазик. Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто
Критериуми за категоризација на доброто
Библиографија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia