Заграчани
Заграчани — село во Општина Струга, во околината на градот Струга. Географија и местоположбаИсторијаВо XIX век селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство. СтопанствоНаселение
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заграчани живееле 225 жители, сите Албанци.[2] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Заграчани е претставено како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[3] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Албанци.[4] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.075 жители, од кои 1 Македонец, 1.071 Албанец и 3 останати.[5] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 736 жители, од кои 719 Албанци и 17 лица без податоци.[6] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЗаграчани е албанско село. Родови во селото се: Ќосе или Асани (30 к.), Бајро (20 к.), Тушо (8 к.) и Прендовци или Прент (8 к.) ова се стари доселенички родови. За родот Прент се зборува дека се доселени од областа Черменик (село Прент) во јужна Албанија и дека таму биле православни Македонци. Од Прент се иселиле како три куќи тројца браќа. Едниот се иселил во Заграчани, вториот во Мислешево (таму се христијани Македонци), а третиот отишол во Гостиварско. Родовите во Мислешево и Загрчани порано се пазеле како роднини; Дида (10 к.), Октишани (15 к.) и Леши (2 к.) овде живеат од периодот помеѓу двете светски војни. Првите се дослени од селото Горна Белица, вторите од селото Октиси (тие се Торбеши), а третите се од селото Радолишта. Родот Дида знае дека уште подалечно потекло има од областа Матија во Албанија.[11] Општествени установиСамоуправа и политикаКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичности
Култура и спортИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia