Долна Белица
Долна Белица — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга. Потекло на иметоПрвото име на Горна Белица било Бела, добиено од белината на реката Беличка Река, што се пени на стрмниот тек.[2] Со време се појавиле две населби, поради што селата ги добиле имињата Долна и Горна Белица. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, недалеку од градот Струга, сместено во Струшкото Поле.[3] Селото е рамнинско, на надморска височина од 730 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 7 километри.[3] Селото се наоѓа во Струшкото Поле, на источното подножјето на планината Јабланица. Ова големо село се наоѓа во областа Струшки Дримкол, а покрај него поминува Беличка Река. Најблиски села се: Враништа, Заграчани, Велешта и Октиси.[4] Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Подпиле, Зад-река, Кодру, Кала Маре, Џамија, Димарзено и Краста.[4] Долна Белица има збиен тип и е поделено на маала кои се именувани по родови: Томаноско, Укоско, Рочи, Шабаноско и други.[4] ИсторијаВо областа е раширено преданието дека Горна Белица на планината Јабланица и Долна Белица во подножјето на планината биле основани од Власи, кои како номадски сточари престојувале на територија на денешна Албанија, но бидејќи направиле многу штета на околните села, турската власт им наредила да се населат тука.[4] Тоа било во XVIII век, кога Власите дошле од месноста Змолник во областа Черменик, западно од планината Јабланица. Подоцна дошле Власи и од другите делови на Албанија и северниот дел на Грција.[4] Легендата кажува дека првин било основано Горна Белица на Јабланица, додека на подрачјето на денешното село Долна Белица им се наоѓале зимските колиби. Подоцна, некои Власи решиле тука да се преселат, па така тие добиле и малку земја за обработување.[4] Селото уште од неговото основање имало и муслимански Албанци (од денешниот род Рочи и други). Тие работеле како слуги кај богатите Власи. Така, селото постепено растело како влашко-албанско.[4] Во XIX век, Долна Белица било село во рамките на Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство. Етничката структура во селото нагло била променета по Втората светска војна, кога Власите се иселиле и ги продале своите имоти, а на нивно место се населиле Албанци од другите села во Струшко.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 6,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 524,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 63,5 хектари, а на шумите само 3,4 хектари.[3] Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Жителите главно се занимаваат со земјоделство, сточарство и одат на печалба.[4] Население
Според податоците од 1873 година, селото имало 109 домаќинства и 28 жители муслимани, 40 Македонци и 212 Власи.[5] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Долна Белица имало 700 жители, од кои 650 Власи и 50 Албанци.[6] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Белица имало 1.224 Власи, патријаршисти.[7] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долна Белица е претставено како чисто влашко село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 55 куќи.[8] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Власи и 150 Албанци.[9] Селото е средно по големина и во 1961 година броело 659 жители, од кои 251 биле Албанци, 50 Македонци, а 349 се означени како други, иако всушност се Власи, додека во 1994 година бројот е зголемен на 894 жители, од кои 779 биле Албанци, 36 Македонци, 36 Власи и 6 Турци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Долна Белица живееле 1.026 жители, од кои 17 Македонци, 945 Албанци, 1 Турчин, 24 Власи, 1 Србин и 38 останати.[10] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 660 жители, од кои 2 Македонци, 604 Албанци, 1 Турчин, 1 Ром, 5 Власи, 29 останати и 18 лица без податоци.[11] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Долна Белица:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиСелото Долна Белица отсекогаш имало влашко-албански родови:[4]
Општествени установи![]()
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Струга. Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото било седиште на тогашната општина Велешта. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Велешта, во која покрај селото Долна Белица, се наоѓале и селата Велешта, Враништа, Горно Татеши, Добовјани, Долно Татеши, Ташмаруништа и Тоска. Во периодот 1950-1952 година, селото припаѓало на некогашната општина Враништа, во која влегувале селата Враништа, Долна Белица и Ложани. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место место бр. 1871 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[12] На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 975 гласачи.[13] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 967 гласачи.[14] Културни и природни знаменитости![]()
ИселеништвоОд селото се имаат иселено околу сто влашки семејства, кои сега живеат во Струга, Охрид (помал број), Белград и Панчево. Има и неколку целосно иселени родови, како што е родот Цирка, од каде потекнува поранешниот министер на Југославија, Александар Цинцар-Марковиќ. Влашкиот род Беличани (2 к.) живеат во соседното село Враништа. Има и иселени Албанци, како што е родот Белица, кои сега живеат во селото Радолишта.[4] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia