Трансконечен бројТрансконечните броеви (или трансфинитни броеви) — кардинални или редни броеви што се поголеми од сите конечни броеви, но не мора да бидат апсолутно бесконечни. Поимот „трансконечни броеви“ е кованка на математичарот Георг Кантор (1845-1918), кој со ова сакал да избегне погрешно толкување на бесконечноста на овие објекти, иако тие не се конечни. Денес е прифатено трансконечните броеви да се нарекуваат „бесконечни“, но првиот поим е сепак позастапен. ДефиницијаКако и конечните броеви, трансконечни броеви можат да се претстават на два начина: како редни и како кардинални броеви. За разлика од конечните редни и кардинални броеви, трансконечните дефинираат различни класи на броеви.
Хипотезата за постојаното вели дека не постојат кардинални броеви помеѓу алеф-нула и кардиналноста на постојаното (множеството реални броеви): that is to say, алеф-еден е кардиналноста на множество реални броеви. (Ако е доследна Цермело-Френкеловата теорија на множествата, тогаш од Цермело-Френкеловата теорија не можат да се докаже ниту хипотезата за постојаното, ниту нејзината негација.) Некои автори како Сапс и Рубин го користат поимот „трансконечен кардинален број“ за кардиналноста на едно Дедекинд-бесконечно множство, во контекст каде поимот не е истоветен со поимот „бесконечен кардинален број“ - во контекст кајшто аксиомата за преброив избор не е претпоставена или не се знае дали важи. Според оваа дефиниција, сите овие се истоветни (еквивалентни):
Поврзано
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia