Трипун ДимитровскиТрипун Димитровски ( 1913 во Беловиште (Тетовско) — 30 април 1944 во Беловиште (Тетовско)) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописЗавршил основно училиште, а потем работел како сточар. Летото 1943 година народноослободителната организација од Вратничко го опфатила во напредното движење. Станал верен соработник на партизанскиот одред. Тивкото 'ржење на овчарските кучиња од неговото бачило, речиси секоја ноќ го означувала доаѓањето на партизанските групи. Партизаните ги снабдувал со вредни податоци. Во една провала во април 1944 година, заедно со уште шестмина соработници бил стрелан од бугарската фашистичка полиција кај Беловиште. При стрелањето покажал ладнокрвност. Се обидел да побегне, но на заседа го пречекала друга група фашисти и го убила.[1] ПоврзаноСтрелани во втората провала (април, 1944 година) од страна на бугарската полиција биле ѝ:
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia