ФК Македонија Ѓорче ПетровЗа современиот фудбалски клуб, кој порано го носел името Треска, видете ФК Македонија Ѓорче Петров 1932.
ФК „Македонија Ѓорче Петров“ ― македонски фудбалски клуб од Ѓорче Петров, оформен во 1932 година. ИсторијаКлубот бил оформен во 1932 година под името „Ханриевски Аматерски Спортски Клуб“ (Х.А.С.К.), а подоцна ги носел и имињата „Победа“, „Рудар“, „Индустријалец“, „Локомотива“. Во сезоната 1970/1971 го добил името „Југококта“, сè до сезона 1989/1990 кога го добил сегашното име.[1] Македонија Ѓ.П. настапува на стадионот Ѓорче Петров, со капцитет од 3000 седишта. Во 2005 година била изградена западната трибина на стадионот, кој е познат и под името „Кокта“. По катастрофалниот земjотрес во Скопје во 1963 година, стадионот на тогашен ФК „Рудар“ бил одземен од државата за да бидат изградени монтажни бараки за настраданото население, и било доделено новото игралиште на сегашното место. Во 1970 година, ФК „Рудар“ (подоцна под името ФК „Југококта“) влегол во тогашната македонска фудбалска лига, и морало да бидат изградени трибина, соблекувални и други попратни елементи за да може да учествува во тоа натпреварување. Така во септември 1970 започнала изградбата на источната трибина. Екипата играла есента на стадионот на ФК Цементарница во Скопје. Трибината, поттрибинскот простор и соблекувалните биле предадени во употреба во март 1971, и првиот натпревар се одиграл на 12 март, со екипата на ФК Кожуф од Гевгелија, при што победила екипата на ФК Југококта со 2:0. Со изградбата на трибината бил направен и теренот, и била поставена трева (бусен). Во сезоната 2005/2006, со промената на раководниот тим, изградена била новата западна трибина, како и нови канцелариски простории, вежбалница со сите придружни справи за вежбање и нови соблекувални. Исто така реновирано било и помошното игралиште на кое била поставена вештачка трева. Позначајни настани1932: Оформен е клубот под името Х.А.С.К., а подоцна ќе ги носи и следниве имиња: Локомотива, Рудар, Победа, Индустријалец, Рудар итн. ИграчиВо фудбалската сезона 2008/2009 Македонија Ѓорче Петров настапуваше во следниот состав:
ПостигнувањаДомашни првенстваПостигнувања на ФК Македонија Ѓорче Петров во првата и втората лига- сезона по сезона: Еврокупови
Tитули
Познати играчи
НавивачиМакедонија Ѓ.П. отсекогаш имала навивачи зад себе, главно во жителите на тогашно Ханриево (сега Ѓорче Петров). Зачетоците на организираното навивање биле во 1988 година кога за првпат се појавиле транспаренти на Кокта, како што популарно се нарекува стадионот Ѓорче Петров. Сегашните навивачи, познати како Лавови се оформени во 1992 година. Во 2008 година формирана е првата а воедно и единствена подгрупа на навивачката група Лавови - Division Hanrievo. Идејата за формирање на подгрупата потекнува од желбата за подобрување на квалитетот и менталитетот на членовите на матичната група – Лавови, при што сите вистински навивачи на ФК Македонија Ѓорче Петров се обединија во една подгрупа. Името на подгрупата, доаѓа од старото име на населбата Ѓорче Петров, Ханриево. Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia