Фелдкирх
Фелдкирх (германски: Feldkirch) — град во покраината Предарлска, Австрија на границата со Швајцарија и Лихтенштајн. Градот е администартивен центар на округот Фелдкирх. По Дорнибирн, тој е втор најголем град во Предарлска во поглед на бројот на жители, пред главниот град Брегенц, кој има нешто помал број на население. Најзападната точка во Австрија се наоѓа во Фелдкирх на реката Рајна, на тромеѓата помеѓу Австрија, Швајцарија и Лихтентајн. ИсторијаПрекрасниот средновековен град, кој останува добро зачуван до ден денес, првпат бил спомнат како град во 1218 година, откако грофот Гуго фон Монфорт го изградил Шатенбург, замок кој сѐ уште претставува голем обележје на Фелдкирх. Друга знаменитост во градот е катедралата „Св. Никола“ од доцниот готски период. Фелдкирх бил родно место на Георг Јоаким Ретик, и моментално е седиште на епархијата Фелдкирх. Од 1651–1773 и од 1856–1979, во градот функционирало усусовото училиште „Стела Матутина“. Во март 1799 година во градот се одвиле два судира помеѓу силите на првата француска република и Хабсбуршката Монархија. На 7 март, Никола Удино со 9,000 француски војници го поразил Фридрих Хоце кој имал 6,000 австријци. Битката кај Фелдкирх се случила на 23 март, кога Андре Масена и 12,000 французи биле победени од Фрањо Јелачиќ и 5,500 австријци.[1] Единици на градот
Движење на население![]() СообраќајФелдкирх има сопствена градска автобуска мрежа од 1993 година, која се состои од 8 линии вклучувајќи ги автобусите кои се движат северно кон соседен Лихтенштајн. Автобуската мрежа е во склоп на автобуската мрежа на Предарлска која нуди неколку регионални линии кои започнуваат и завршуваат во Фелдкирх. Исто така постои и таканаречена „ноќна линија“ која поврзува различни градови и дискотеки низ целиот град. Железничката станица во Фелдкирх се наоѓа на главната железничка линија која минува низ Предарлска. Клима
Збратимени градовиНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia