Ференц МолнарФеренц Молнар (уунгарски: Ferenc Molnár) (12 јануари 1878, Будимпешта – 1 април 1952, Њујорк) — унгарски писател и театарски режисер. Животопис![]() Ференц Молнар потекнува од угледно еврејско семејство. Неговото оригинално презиме било Нојман (Neumann), а татко му бил познат физичар. По професија бил правник. За време на Втората светска војна, Молнар емигрирал во САД за да го избегне нацистичкиот прогон на Евреите. Молнар се женел трипати, и тоа: најпрвин со Маргит Веси (Margit Vészi), со која бил во брак од 1906 до 1910 година; од 1922 до 1925 година бил во брак со Сари Федак (Sári Fedák), а од 1926 до 1952 година, негова сопруга била Лили Дарваш (Lili Darvas). ТворештвоМолнар пишувал драми и романи. Неговите драми биле популарни и се изведувале на сцените ширум Европа. Позначајни негови дела се романите и повестите: Децата од Павловата улица, Гладниот град, Крадци на јаглен итн.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia