Филип Коруновски
Филип Коруновски (роден 1987 година во Велес) ― македонски ликовен уметник и академски вајар. Негов брат е академскиот вајар и сликар Ангел Коруновски. ЖивотописКоруновски своето уметничко образование го започнал во 2002 година во Државното средно училиште за применета уметност „Лазар Личеновски“[1] на отсекот за графика и графички техники, во Скопје. Филип во 2006 година, високото образование го продолжил на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на отсекот за графика со графички дизајн, под менторство на Мирко Вујисиќ. Коруновски магистрирал на одделот за скулптура во 2011 година на истиот факултет, под менторство на Беди Ибрахим. ТворештвоКоруновски творел како самостоен уметник. Во неговото портфолио се набројуваат повеќе самостојни изложби. Во 2012 година започнал да работи како сценограф и дизајнер на рекламен материјал на претставата „Ноќите во бел сатен“[2] во Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ во Велес, со што ја започнал својата кариера во театарот. Во 2017 Коруновски бил добитник на наградата за рекламен материјал на претставата „Ана Комнена“[3] на театарскиот фестивал во Македонија - МТФ „Војдан Чернодрински“. Согласно 2019 година, Коруновски е сценограф на 40-тина театарски во Велес, Скопје, Штип и Охрид, сценограф е исто така на една балетската претстава „Пепелашка“ во Македонската опера и балет, и графички дизајнер за поголемиот дел од истите, во ноември 2023 ја поставува сценографијата за праизведбата на претставата „Натчовек“ во Драматичниот театар во Варна. Во 2016 година го формирал „edit points“ тимот за визуелизации и видео мапинг, каде што работеле во рамки на визуелната уметност и видео инсталации. Во изминативе години покрај честите визуелизации на клубските настани, свој визуелен придонес имаат и на настани како што се Музеј „Дебар Маало“, како и техно стејџот на прилепскиот Пивофест во 2019[4]. Со проектот „Hexagon“, визуелно и концепциски дизајниран и фокусиран на интригантноста на новите медиуми и нивните можности, учествувале на последниот од серијата настани „Neuland“ во организација на Reborn.mk. Во 2021 имале свој настап на фестивалот на Џез, world и современа музика во организација на здружението Арт Генератор во Велес, како и на отворањето на Фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. ИзложбиВо Ликовниот салон во Велес во 2011 година, Коруновски ја поставил својата прва самостојна изложба на цртежи, колажи и слики насловена како „Урбана Синтеза”.[5] Самостојни изложбиː
Наводи
Надворешни врскиhttps://umno.mk/izlozhba-na-filip-korunovski-vo-mkc/[мртва врска] https://duma.mk/kultura/prva-zaednichka-izlozhba-na-sliki-na-filip-i-angel-korunovski-vo-veles/ https://www.radiomof.mk/izlozhba-nostalgija-na-izolacijata-na-filip-korunovski-vo-mkc/ Изложба на портрети насловена како „Несознајно“ на ликовниот уметни Филип Коруновски |
Portal di Ensiklopedia Dunia