Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“
ИсторијаОсновано на 21 мај 1950 година, со седиште во Скопје, ДФРМ ги претставува интересите на филмските професионалци и автори во нашата земја. Покрај тоа што се грижи за правата на своите членови, ДФРМ се залага за професионален развој и раст на филмската креативност во Република Македонија. Друштвото, со своите активности, има за цел да ја зајакне македонската кинематографија и да обезбеди нејзин континуитет. Од година на година, ДФРМ дава значаен придонес за македонскиот филм, а исто така ја афирмира и светската филмска уметност во нашата земја. Една од главните активности на друштвото е Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. ПокровителствоСекоја година, ИФФК „Браќа Манаки“ се одржува под покровителство на претседателот на Македонија и е поддржан од Министерството за култура. Фестивалот, со својата впечатлива програма што од година на година станува сè побогата, е привлечен како за филмските професионалци, така и за вљубениците во филмот од целиот свет. ПрограмаСтожер на фестивалската програма е „Камера 300“ — конкуренцијата на долгометажни филмови од најновата европска и светска продукција. Директорите на фотографија на филмовите кои учествуваат во оваа програма се натпреваруваат за Златна, Сребрена и Бронзена Камера 300. Тоа се официјални фестивалски награди што ги доделува меѓународно жири составено од пет члена. Фестивалот доделува и награда за животно дело „Златна камера 300“ и специјална „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност. Од 36.издание на фестивалот беа воведени две нови натпреварувачки програми - Нов европски филм, во која се прикажуваат први или втори играни филмови на европски режисери, како и СЕЕ Камера, во која акцентот се става на регионалната кинематографија. Натпреварувачки карактер има и програмата на краток филм, каде се наградува најдобриот кинематографер. Студентската програма е посветена на младите таленти — студенти на филмски академии и школи во целиот свет. Во рамките на Фестивалот, како придружни настани се организираат работилници, семинари, дебатни сесии, изложби, конференции и слично. 36. изданиеПод мотото „Филмот е убав“ а славејќи го јубилејот 110 години од творештвото на браќата Манаки, на 18 септември 2015 година, во Битола започна 36. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, на кое беа воведени две нови натпреварувачки програми: „Нов европски филм“ (со 10 филма, избрани од Дејан Трајкоски) и „СЕЕ камера“ (со осум филма, избрани од Саша Станишиќ), наменети за младите европски автори и за великаните на филмот од Југоисточна Европа. Во рамките на сите програми беа прикажани 215 филма, од кои над 20 македонски. Инаку, во официјалната програма се натпреваруваа 13 филма, а Ришард Ленчевски беше претседател на петчлената жири-комисија. Покрај натпреварувачкиот дел, на фестивалот биле застапени и Документарната програма, чиј селектор била Гена Теодосиевска, и Вип - детската програма, која годинава се одржа под мотото „Големо платно - голема разлика“.[1]
Добитници на Златна Камера 300Фестивалот, исто така, ја доделува Наградата за животно дело „Златна Камера 300“, што е резервирана за водечки имиња во светот кинематографери. Досегашни лауреати во Клубот на Великаните се: Милтон Манаки, Љубе Петковски и Бранко Михајловски, Виторио Стораро, Вадим Јусов, Раул Кутар, Тонино Дели Коли, Мирослав Ондричек, Анри Алекан, Фреди Френсис, Јиржи Војчик, Свен Никвист, Лучано Тиволи, Бруно Делбонел, Вилмош Жигмонд, Хосе Луис Алкаин, Крис Менџис, Божидар-Бота Николиќ и Ришард Ленчевски.[1] ГостиФестивалот бил посетен од многу познати личности од културниот, општествениот и политичкиот живот вклучувајќи ги и светските филмски ѕвезди: Мајкл Јорк, Чарлс Денс, Викторија Абрил, Дерил Хана, Катрин Денев, Изабел Ипер како и многу претставници на политичкиот и општестевниот живот во Македониаја како: претседателите на Македонија (Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски, Ѓорге Иванов) и многу други јавни личности како: Раде Шербеџија, Милчо Манчевски, Мики Манојловиќ, Мирјана Карановиќ, Столе Попов и многу други. Списоци на досегашни добитници на награди1Добитници на Златна камера 300 за животно дело
Добитници на Специјална златна камера 300 за особен придонес во светската уметност
Добитници на Златна камера 300На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
Добитници на Сребрена камера 300На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
Добитници на Бронзена камера 300На XIV фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ (1993 година), воведени се официјалните награди Златна, Сребрена и Бронзена камера 300.
Добитници на Мала златна камера 300 за најдобар краток филм
Добитници на Големата ѕвезда на македонскиот филм
Список на директорите на фестивалот1Пред 1993 година фестивалот немал директор, функцијата е воведена во 1993 година.
Список на досегашните жирија1
Светски, регионални национални филмски премиери на фестивалот
Наводи
Забелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia