Финале на УЕФА Лигата на шампионите во 2018 година
Финалето на Лигата на шампионите во 2018 бил финалниот натпревар на УЕФА Лигата на шампоните во сезоната 2017-18, односно 63-та сезона на Европскиот премиерен клупски фудбалски турнир организиран од страна на УЕФА, или 26-та сезона на УЕФА Лигата на Шампионите, бидејќи натпреварувањето било преименувано од Куп на Европски Шампиони во Лига на Шампиони. Натпреварот се одиграл на НУК Олипискиот Стадион во Киев, Украина на 26 мај 2018,[2] помеѓу шпанскиот Реал Мадрид, кој го освојувал натпреварувањето во последните две сезони, и англискиот Ливерпул.[3][4]
Реал Мадрид победил со 3-1 и стигнал до својата трета последователна титула вкупно 13-та во нивната клупска историја во ова натпреварување. Реал Мадрид стекнал право да игра против победникот на УЕФА Лига Европа во Суперкупот на УЕФА 2018 година. Тие, исто така, се квалификувале за полуфиналето на ФИФА Светското клупско првенство 2018 година како претставник на УЕФА конфедерацијата. ЕкипиВо следнава табела, финалето до 1992 година била ерата во Европскиот Куо, додека од 1993 година започнала ератра во УЕФА Лигата на Шампионите .
МестоДеталиЕкипата "домaќин" (за административни цели) била одреден со дополнителна ждрепка која се одржала по полуфиналните натпревари кој се одиграле на 13 април 2018 година, во 13:00 часот, во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија.[5]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia