Серхио Рамос
Серхио Рамос (роден на 30 март 1986, во Камас) — шпански фудбалер, играч од одбраната на Монтереј и поранешен репрезентативец на Шпанија. Со шпанската репрезентација, чиј е рекордер по бројот на настапи (180), бил Светски шампион во 2010 и Европски шампион во 2008 и 2012. Клупска кариераРамос започнал да тренира фудбал во екипата на Севиља. Откако ги поминал сите млади селекции, го направил своето професионално деби со Б тимот на Севиља, во сезоната 2003-2004. За првиот тим дебитирал на 1 февруари 2004, во натпреварот од Примера Дивисион 2004-2005 против Депортиво ла Коруња; неговиот тим, тогаш бил поразен со 1-0, а тој во игра влегол како резерва во второто полувреме. Во следната сезона, тој одиграл 31 натпревар во првенството за Севиља и бил стрелец на два гола, против Реал Сосиедад (2-1) и Реал Мадрид (2-2). ![]() Во текот на летото 2005 година, тогаш деветнаесетгодишниот Рамос преминал во Реал Мадрид за обесштетување од 27 милиони евра. Првиот гол во дресот на Реал, го постигнал на 6 декември 2005, против Олимпијакос, во поразот со 3-2 во групната фаза на Лигата на шампионите. Тој го носел дресот на Реал Мадрид во следните 16 години, забележувајќи 671 настап и постигнувајќи 101 гол, носејќи ја и капитенската лента на клубот по заминувањето на Икер Касиљас. Со Кралевите ги освоил сите можни трофеи вклучувајќи: пет титули во шпанското првенство (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012, 2016-2017, 2019-2020), два Купа на Шпанија (2010-2011, 2013-2014), четири Суперкупа на Шпанија (2008, 2012, 2017, 2020), четири Лига на шампиони (2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018) три Суперкупа на УЕФА (2014, 2016, 2017) и четири Светски клупски првенства (2014, 2016, 2017, 2018). Со сите овие успеси, тој е третиот најуспешен играч во историјата на Реал Мадрид, зад Франциско Хенто и Марсело. По истекот на неговиот договор со Реал Мадрид во летото 2021, на 8 јули, тој потпишал двегодишен договор со францускиот клуб Париз Сен Жермен.[2] Поради проблеми со повреди, своето деби во Лига 1 го направил дури во ноември 2021, во натпреварот против Сент Етјен.[3] Во двете години со Парижаните тој освоил три трофеи, две француски првенства (2021–2022 и 2022–2023) и Суперкупот на Франција 2022. На 4 септември 2023, Рамос се вратил во Севиља после 18 години, потпишувајќи едногодишен договор.[4] Во декември 2023, со голот постигнат против Ланс во Лигата на шампионите, тој станал одбранбен играч со најмногу постигнати голови (17) во историјата на натпреварувањето, престигнувајќи ги Роберто Карлос и Жерар Пике.[5] Во текот на сезоната 2023-2024, тој одиграл 37 натпревари и постигнал 7 гола за Севиља, но по завршувањето на истата не му бил продолжен договорот.[6] Откако останал слободен играч во летото 2024, тој бил поврзуван со многу клубови, но не потпишал со ниту една екипа до крајот на годината. На 6 февруари 2025, на 38-годишна возраст Рамос потпишал со мексиканската екипа, Монтереј.[7][8] Репрезентативна кариераЗа шпанската репрезентација дебитирал на 26 март 2005 година, во пријателскиот натпревар против Кина (3-0) одигран во Саламанка. На своето деби имал само 18 години и 361 ден, со што станал најмладиот играч во историјата на шпанската репрезентација. Подоцна, тој негов рекорд бил соборен од Сеск Фабрегас. Првите два гола за репрезентацијата ги постигнал во натпреварот против Сан Марино во квалификациите за Светското првенство 2006 што завршил со резултат 6-0 за Ла Роха. ![]() Откако се нашол на списокот со повикани играчи за Светското првенство 2006, тој одиграл три натпревари на Мундијалот кој за шпанците завршил со пораз во осминафиналето од Франција (1-3). На Европското првенство 2008, Рамос ги провел во игра сите 90 минути на секој натпревар, освен во натпреварот против Грција (2-1) во групната фаза. Шпанија го освоила првенството со победа над Германија (1-0) во финалето. Во текот на славењето кое било после натпреварот, Рамос ја носел маицата во чест на неговиот починат пријател и соиграч од Севиља, Антонио Пуерта. Наредната година, со репрезентацијата го освоил и третото место на Купот на конфедерации 2009. На Светското првенство 2010, како и на Европското пред две години, тој бил стартер на сите натпревари на позицијата десен бек, а Шпанија го освоила ова првенство со победа над Холандија по продолженија (1-0) во финалето. На Европското првенство 2012, тој добил нова улога играјќи во срцето на одбраната на Шпанија, позиција на која тој самиот рекол дека се чувствува удобно иако станал Светски и Европски шампион играјќи како десен бек.[9] Тој ги одиграл сите натпревари на првенството одржано во Полска и Украина, реализирајќи важен пенал во пресметката против Португалија во полуфиналето одлучена токму по изведување пенали.[10] Во финалето, Шпанија со убедливи 4-0 ја победила Италија и ја одбранила титулата од пред четири години, а Рамос се нашол во Тимот на првенството.[11] Од 2015 година, Рамос станал капитен на репрезентацијата, наследувајќи го исто како и во Реал Мадрид, Икер Касиљас. На 7 јуни 2019, играјќи во победата со 4-1 против Фарски Острови во квалификациите за Европското првенство 2020, тој го забележал својот 122 настап за репрезентацијата, со што станал рекордер по бројот на настапи престигнувајќи го Касиљас.[12] СтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 6 април 2025.
Трофеи![]() КлупскиРеал Мадрид
![]() Париз Сен Жермен
Репрезентативни
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia