Тони Крос
Тони Крос (германски: Toni Kroos; р. 4 јануари 1990 во Грајфсвалд) — германски пензиониран поранешен професионален фудбалер кој настапувал како играч од средината на теренот за шпанскиот Реал Мадрид, како и за фудбалската репрезентација на Германија. Член на Баерн Минхен станал на возраст од 17 години, но одма бил даден на 18-месечна позајмица на Баер Леверкузен, пред да се врати во Минхен назад освојувајќи ја Бундеслигата иЛигата на шампионите во сезоната 2012/2013 година. По победата на Светското првенство во Бразил 2014, тој се приклучил на Реал Мадрид и потпишал договор на шест години. Во Мадрид, тој ја освоил Лигата на Шампионите во сезоната 2015/2016 и бил избран во тимот на сезоната во сите негови последни три првенства. Тој бил избран за член на УЕФА тимот на годината и ФИФА про XI во 2014 и 2016 година, како и за најдобар плејмејкер. Тој бил пофален од страна на новинари и поранешни професионалци како играч со сите квалитети за улогата на играч од средниот ред и нападот Крос бил дел од младинските тимови на репрезентацијата на Германија од 17 годишна возраст, и бил прогласен за најдобар играч во 2006 година на УЕФА Европското првенство под 17 години, но исто така и го освоил ФИФА Светското првенство до 17 во 2007 година и воедно ја освоил Златната топка. Тој го направил дебито за сениорската репрезентација на Германија во 2010 година и бил член на тимот на Германија, кој стигнала до полуфиналето наСП 2010 и УЕФА Еуро 2012. Тој исто така бил дел од тимот што го освоил Светското првенство 2014 година, со што станал првиот фудбалер роден во Источна Германија да освои светско првенство. Крос бил водач на турнирот, и бил избран во All-Star тимот на првенството. На УЕФА Евро 2016, тој бил избран во најдобриот тим на турнирот. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia