Фламанци
Фламанците (холандски: Vlamingen) се германска етничка група, кои потекнуваат од Северна Франција и Белгија и зборуваат холандски јазик.[5] Нив најмногу ги има во северниот дел на Фландрија. Тие се една од двете главни етнички групи во Белгија – другата група се Валонците што зборуваат француски. „Фламанците“, како што се нарекуваат, го сочинуваат мнозинството на белгиското население (околу 60 %). Од гледна точка на историјата, „Фламанци” исто така се однесува на жителите од средновековната Фландриска грофовија, вклучувајќи ги и Фламанците кои зборуваат француски јазик или пикардски јазик од краиштата околу Турне (денес во Валонија), Лил и Дуе (денес во Француска Фландрија), кои биле наречени “les Flamands wallons” (Валонските Фламанци).[6] ИсторијаЧувството за „Фламански“ идентитет значајно се зголеми по Белгиската револуција. Пред тоа, терминот „Фламанци“ во холандскиот јазик првично се користеше за жителите на поранешната Фландриска грофовија. Меѓутоа, фламански се користи од 14 век за опишување на јазикот и дијалектите и на луѓето од Фландрија и на луѓето од Кнежевството Барбант.[7] Во 15 век Италијанците започнале да ги опишуваат и двата народа како 'Fiamingi', а потоа во 16 век истото го направиле и Англичаните и Французите. Веќе во средниот век постоеле чувства за заеднички идентитет и покрај тоа што припаѓале на различни држави (највидлива е делбата на ист јазик, силната потреба што ја чувствувале за да „дејствуваат како еден“ против која било странска држава.[се бара извор] Постар пример за ова е „Договорот за соработка на Фландрија и Барбант“ (Vlaams-Brabants samenwerkingsverdrag) од 1339 г. што главните градови на двете држави им го наметнале на своите владетели.[8] Треба да се спомне дека модерната белгиска провинција Лимбург не беше дел од ова. Дури во 19 век започна да се смета дека таа е „Фламанска“. ![]() Во 1830 г. јужните провинции на Обединета Холандија ја прогласија својата независност. Населението кое зборуваше француски дијалекти, како и администрацијата и елитите, се плашеа дека ќе го загубат својот статус и автономија под холандска власт додека брзата индустријализација на југот ги истакнуваше економските разлики помеѓу нив двете. Кога владееја Французите (1794–1815) францускиот јазик беше наметнат како единствениот службен јазик во јавноста, што резултираше со пофранцузирање на елитите, и во помал степен, на средните класи. Холандскиот крал дозволи да се користат и холандските и француските дијалекти како административни јазици во Фламанските провинции. Исто така, тој донесе закони за повторно да се воспостави холандскиот јазик во училиштата.[9] Политиката на јазикот не беше единствената причина за отцепувањето. Римокатоличкото мнозинство со сомнеж гледаше на владетелот - протестантот Вилем I - и тоа силно беше поттикнато од Римокатоличката црква која се сомневаше дека Вилем сака да го наметне холандското протестантство. За крај, Белгиските либерали беа незадоволни од Вилем поради неговото наводно деспотското однесување. По револтот, реформите за јазик од 1823 г. беа првите укинати Холандски закони, а во подоцнежните години ќе се донесат бројни закони кои го ограничуваат холандскиот јазик.[10] Оваа политика доведе до постепена појава на Фламанското движење, кое беше основано врз поранешните анти-француски чувства на неправда, како што е истакнато во пишаните дела (на пример од Жан Верлој – писател од доцниот 18 век) кои ги критикуваа Јужните Франкофилни елити. Напорите на ова движење во текот на следните 150 г., во голема мера го олеснија создавањето на социјалната, политичката и лингвистичката еднаквост „де јуре“ на Фландрија од крајот на 19 век. Идентитет и култура![]() Во рамките на Белгија, Фламанците формираат јасно претпознатлива група која се издвојува по својот јазик и обичаи.[11] Меѓутоа, познатата перцепција да постои едно државно уредување, значително се менува и зависи од темата, локацијата и потеклото. Обично, Фламанците ретко ќе се идентификуваат себеси како Холанѓани и обратно, а особено на државно ниво.[12] Делумно, ова е предизвикано од познатите стереотипи во Холандија како и во Фландрија, кои најмногу почиваат врз „културните крајности“ и на северната и на јужната култура.[13] Но исто така, ова е предизвикано во голем дел поради историјата на еманципација на нивната култура во Белгија, која остави многу Фламанци со висок степен на национална свест, која може многу да се забележи меѓу некои Белгијци кои зборуваат холандски.[14] Заедно со ова преценето политичко и социјално поврзување, исто така постои силна наклонетост кон регионализмот, во кој поединците во голема мера во рамките на културата се идентификуваат себеси преку нивната родна провинција, град, регион или дијалектот што го зборуваат. ЈазикФламанците зборуваат холандски (особено својата јужна варијанта, што понекогаш колоквијално се нарекува 'фламански'). Токму јазикот на мнозинството во Белгија, го зборуваат, како мајчин јазик, три петтини од населението. Неговите различни дијалекти содржат бројни лексички и неколку граматички одлики што ги одделуваат од стандардниот јазик.[15] Како и во Холандија, мајчиниот дијалект на говорителот има влијание врз изговорувањето на стандардниот холандски јазик. Сите холандски дијалекти кои се зборуваат во Белгија, се зборуваат и во соседните области на Холандија. Истовремено источнофламанскиот дијалект формира континуум и со барбантскиот и со западнофламанскиот дијалект. Стандардниот холандски јазик првично се заснова на дијалектот Hollandic (кој се зборува во Северна Холандија) и во помал степен на барбантскиот дијалект, кој е најдоминантниот холандски дијалект во Јужна Холандија и Фландрија. РелигијаПредлошка:Погледни тука За приближно 75% од Фламанците се претпоставува дека по крштевањето се Римокатолици, иако со помалку од 8% малцинството кое сѐ уште се намалува редовно присуствува на миса и речиси половина од жителите на Фландрија се агностични или атеисти. Истрага од 2006 г. во Фландрија, покажа дека 55% избрале да се нарекуваат себеси религиозни, а 36% веруваат дека Бог го создал универзумот.[16] Државни симболи![]() Официјалното знаме и грб на Фламанската заедница претставува црн лав со црвени канџи и јазик, на жолто поле (или лав исправен на задните нозе, вооружен со крзно од самур и јазик во црвена боја).[17] Знаме со целосно црн лав беше во широка употреба пред 1991 г. кога Фламанската зедница ја усвои сегашната верзија. Поранешното знаме понекогаш беше признаено од владините извори (заедно со верзијата со црвените канџи и јазик).[18][19] Денес, Белгискиот закон единствено го признава знамето на кое има лав со црвени канџи и јазик, додека пак Фламанските сепаратистички движења најмногу го користат знамето со целосно црниот лав. Исто така, Фламанските власти користат две логоа на високо стилизиран црн лав кој ги покажува канџите и јазикот било во црвена или црна боја.[20] Првата употреба[21] на Фламанскиот лав во документи беше на печатот на Филип Д'алзас, грофот од Фландрија од 1162 г. Од тој датум, употребата на Фламанскиот грб („или лав исправен на задните нозе со крзно од самур“) остана во употреба во текот на владеењето на д’Алзас, Фландрија (2-ро) и Дампјер грофовските династии. Мотото "Vlaanderen de Leeuw" (Фламански лав), наводно, било присутно на грбовите на Питер де Конинк на Битката на златните мамузи на 11 јули 1303 г.[22][23][24] Откако војводите од Бургундија ја презеле Фландрија, лавот бил користен единствено на штитовите. Дури по создавањето на Обидинетото Кралство на Холандија грбот (на кој бил поставен водач со ознака на Кралскиот грб на Холандија) повторно станалофицијалниот сумбол на новата провинција Источна Фландрија. Погледнете тукаЛитература
Предлошка:Flanders topics Предлошка:Ethnic groups in Belgium Предлошка:Ethnic groups in the Netherlands |
Portal di Ensiklopedia Dunia