Фолегандрос
Фолегадрос (грчки: 'Φολέγανδρος') е мал грчки остров во јужниот Егеј, кој заедно со Сикинос, Иос, Анафи и Санторини, го сочинуваат јужниот дел на Кикладите. Неговата површина е околу 32 км2, и има 667 жители. Има три мали села, Хора, Каравостаси, и Ано Мерја, кои се поврзани со поплочен пат. ИсторијаМалку е познато за древната историја на Фолегандрос. Неговите жители биле Дорци. Подоцна потпаднал под атинска власт. Бил освоен во 1207 од страна на Венецијанецот Марко Санудо и останал под венециска власт до 1566, кога бил освоен од страна на Отоманските Турци. Грците го присвоиле во 19 век. ГеографијаРелјефот на Фолегандрос е разновиден и вклучува високи гребени и една голема пештера. „Главниот град“ на островот - Хора, е изграден на работ на еден 200-метарски гребен. Пристаништето на Фолегандрос се наоѓа во малото гратче Каравостаси. Во селото Ано Мерја пак, се наоѓаат два мали но интересни музеи - еколошки музеј и фолклорен музеј. Една од најпознатите плажи на Фолегандрос е плажата Катерго, пристаплива само со брод од пристаништет Каравостаси. Рајско одморалиштеФолегандрос е еден од многуте изолирани грчки острови кој нуди недопрена природа. Со неговите бистри и сини океански води бил прогласен за една од најдобрите 10 плажи на светот од страна на the Travel Channel. Извори
Надворешни врски
Галерија на слики
36°37′N 24°54′E / 36.617°N 24.900°E
|
Portal di Ensiklopedia Dunia