Франсиско Солано Лопес
Франсиско Солано Лопес Карилјо (шпански: Francisco Solano López Carrillo, 24 јули 1827 – 1 март 1870) — парагвајски политичар, воено лице, и втор претседател на Парагвај од 1862 до 1870 година. Тој бил најстар син на Карлос Антонио Лопес. Франсиско Лопес се смета за виновник на Војната на Тројната алијанса, во која и тој самиот загинал. ЖивотописСолано Лопес е роден во Асунсион. Тој бил назначен за генерал на парагвајската војска на негова 18 годишна возраст во 1844 од страна на неговиот татко. Во тој период завладеала нетрпеливост меѓу Аргентина и Парагвај.[1] Во 1853 година бил испратен во Европа каде престојувал околу година и половина. Лопес обезбедил големи количини оружје и воена опрема, како и неколку пароброда и организирал проект за изградба на железничка линија и основање на француска колонија на територијата на Парагвај. Тоа се должело на неговата заслепеност со империјата и личноста на Наполеон Бонапарт.[2] Така, тој ја опремил парагвајската војска со иста униформа како наполеоновата. За себе нарачал реплика од наполеоновата круна.[3] Во Европа ја сретнал куртизаната Елиза Линч и ја донел со него во Парагвај. Таа била негова љубовница и де факто прва дама до неговата смрт. Кога се вратил во Парагвај во 1855 година станал министер за војна. Солано Лопес бил назначен за потпретседател од неговиот татко.[4][5] Во ноември 1859 година, Лопес на воениот пароброд Такуари, кој бил нападнат од британската кралска морнарица сè со цел да се притисне неговиот татко да ослободи еден британски затвореник. Наредбата за нападот била дадена од Вилијам Торнтон, британско воено лице кое лично ја поддржал Аргентина за време на Парагвајската војна, или позната како Војна на Тројната алијанса.[6] По смртта на неговиот татко во 1862 година, тој свикал конгрес на кој тој бил избран за претседател, функција која ја извршувал 10 години.[2] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia