Куртизана

Вирџинија Олдоини, италијанска куртизана и љубoвница na францускиот цар Наполеон III, фотографија од 1866 година

Куртизана (француски: courtisane, италијански: cortigiana) — жена со лесен морал што се движи во високото општество.[1] На куртизаните, љубовните врски и давањето сексуални услуги на припадниците на високото општество им претставува главен извор на приходи и/или темел на нивната општествена положба.

Потекло на поимот

Зборот доаѓа од италијанскиот збор за дворјанка, односно дворска дама, а почнал да се користи во 16 век.

Историја

Дворските дами во тоа време, кога браковите на владетелите и другите великодостојници биле мотивирани од политиката наместо од љубовта, претставувале најприкладен и најдостапен облик за „сериозни“ или романтични љубовни врски. Со текот на времето куртизаните станале своевидна институција која освен сексуални давале и други услуги. Така од куртизаните се очекувало да бидат вешти во танцувањето и музиката, односно да бидат доволно образувани и интелигентни за да можат да учествуваат во интелектуалните расправи. Понекогаш куртизаните биле и мажени, најчесто за мажи со понизок општествен статус кои во нивните вонбрачни врски со општествената елита гледале средство за сопствено напредување. Меѓу куртизаните се јавила и хиерархија, така што куртизаните на врвот на општествената скала се сметале за љубовници, додека оние на дното за проститутки.

Денешна употреба

Во денешниот свет, во кој се промовира еднаквост на половите, феноменот на куртизани е прилично редок или не е така видлив како во претходните периоди. Денес, изразот првенствено се користи во пејоративна смисла или како еуфемизам за жени за придружба или елитни проститутки.

Прочуени куртизани во историјата

Прочуени куртизани во уметноста

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya