Француски воени гробишта (Битола)
Француски воени гробишта во Битола – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат повеќе од 13.262 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Денес секоја година, а по повод годишнината од завршувањето на Првата светска војна, претставници на амбасадаамбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, и на Француските и на Германските воени гробишта во Битола оддаваат почит.[2]
МестоположбаФранцуските воени гробишта се наоѓаат на североисток од градот Битола, крај патот кој води за село Логоварди, на околу 3 км од центарот на градот. Гробиштата зафаќаат површина од 30.000 квадратни метри, поделени се на 32 парцели со средишни патеки изведени во облик на крст. Во склоп на гробиштата се и две куќарки, една за чуварот, а другата за документацијата.[2] КонтекстПо неуспехот во Дарданелската битка, Бугарија влегува во војна на страната на централните сили во октомври 1915 година и води победничка офанзива во Србија. За да се поддржат српските трупи, француските и британските трупи од експедициониот корпус на Дарданелите се истовараат во Солун. Сепак помошта на сојузниците доаѓа многу доцна за да се спасат српските сили кои мора да се борат и да се повлекуваат спроти германската, австроунгарската и бугарската војска. Француските и британските сили напредуваат, но мора да се повлечат по битките кај Костурино и Криволак. Сојузничките војски, поразени се засолнуваат во Солун. Од септември до декември 1916 година, преземена е сојузничка офанзива која овозможува да се напредува и да се заземе Битола. Фронтот е стабилизиран до септември 1918 година кого со Солунскиот договор им се става крај на борбите со Бугарија. Историја![]() Организирањето на Француските воени гробишта почнала во првите години по Првата светска војна. За таа цел во Париз била формирана централна комисија за прибирање на посмртните останки на француските војници и офицери, на чие чело бил поставен Тиво де Лавижери, учесник во војната во која бил и ранет. За нејзино балканско седиште бил одреден Солун, од каде поткомисиите се упатувале на терен да ги бараат и идентификуваат останките. Во работата биле вклучени месни жители каде се трагало. Во работата се истакнал инженерискиот поручник Дровен, кому му помагала мала група месни жители како и шефот на Католичката мисија во Битола, Р. П. Бежеро. За финансирање на зафатот француската влада издвоила 150.000 франци. Дел од пронајдените останки биле засолнувани на Александрово Брдо (Тумбе Кафе), а дел крај Новачки пат, местото каде што подоцна биле формирани гробиштата. Проектот прераснал во еден од најголемите и најсложените меморијални зафати преземени по Првата светска војна.[2] Француските воени гробишта во Битола се отворени на 15 септември 1923 година[3][4], денот на пробивот на фронтот кај Добро Поле. На свеченоста на отворањето бил присутен многу народ од Битола и од околните села, а покрај висока делегација од Белград присуствувал и командантот на сојузничките сили, маршалот Франше д’Епере, кој специјално дошол за оваа прилика.[2] ГробовиВо гробиштата се наоѓаат 6.262 поединечни гробови како и две гробници во кои се погребани меѓу 7.000 и 10.000[5] француски војници. Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia