Оваа статија се однесува на струмчкото село. За воденското, погл.
Костурени .
Костурино — село во Општина Струмица , во околината на градот Струмица .
Географија и местоположба
Црквата „Св. Димитриј“
Споменик во селото
ОУ „Даме Груев“
Костурино се наоѓа во Струмичкото Поле , во југоисточниот дел на Република Македонија . Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 440 метри а површината на селото изнесува 2.455 ха.
Селот се граничи со Три Води , Мемешли , Орманли , Злешево , Чепели , Раборци , Раброво .
Историја
Костурино, црквата Св. Димитрија во 1931 г.
Погелед на Костурино во 1931 г.
Османлиски период
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника “ се вели дека во 1873 г. Костурино се состоело од 102 семејства и 330 жители Македонци [ 2] [ 3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) во 1900 година Белотино имало 790 жители Македонци [ 2] [ 4] .
Во текот на т.н. афера Мис Стон , селото било посетено од страна на Гоце Делчев , каде се сретнал со Андон Ќосето и Иван Манолев [ 5] .
Селото било под влијание на Бугарската егзархија . Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne “) во 1905 година во селото живееле 936 Македонци и 5 Грци , и работело егзархиско училиште[ 2] [ 6] .
Југословенски период
По крајот на Балканските војни , селото било вклучено во составот на Кралство СХС , и подоцна Кралство Југославија .
Стопанство
Претежно занимање на населението е zемјоделие, sточарство и производство на вар. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 575 ха[ 7] .
Население
Население во минатото Година Нас. ±% 1948 1.069 — 1953 1.173 +9.7% 1961 1.403 +19.6% 1971 1.626 +15.9% 1981 1.530 −5.9%
Година Нас. ±% 1991 1.403 −8.3% 1994 1.235 −12.0% 2002 1.280 +3.6% 2021 895 −30.1%
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 850 Македонци и 25 до 50 Албанци .[ 8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.280 жители, од кои 1.276 Македонци, 1 Турчин, 2 Срби и 1 останат.[ 9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 895 жители, од кои 803 Македонци , 4 Албанци , 2 Срби , 3 останати и 83 лица без податоци.[ 10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
790
941
1.069
1.173
1.403
1.626
1.530
1.403
1.235
1.280
895
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 11] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 12] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 13] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 14]
Општествени установи
Подрачно основно училиште Даме Груев
Амбуланта
Пошта
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 1830 и 1831 според Државната изборна комисија , сместени во основното училиште.[ 15]
На претседателските избори во 2019 година , на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[ 16]
На Македонски парламентарни избори во 2020 година , на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.090 гласачи.[ 17]
Културни и природни знаменитости
Црква „Св. Димитриј“ , православен храм.
Василица Чука , археолошко наоѓалиште од хеленистичко и римско време.
Прогон , археолошко наоѓалиште од доцноантичко и старохристијанско време.
Растурен Брег , археолошко наоѓалиште од средновековно време.
Орниче , археолошко наоѓалиште од неолитско време.
Редовни настани
Пеливанско борење кое се одржуваа по поводот Петровден на 12 јули секоја година
Личности
д-р Јанко Бачев, доктор на правни науки, универзитетски професор по меѓународно право и претседател на партијата Единствена Македонија (претходно Народно движење за Македонија)
Култура и спорт
Петровден е официјален празник на селото.
Пеливанското борење постаро од три века[ 18]
ФК Голаш-2005
Здружение на тутунопроизводители „Костурани“
Здружение на играорци „Костуранка"
Иселеништво
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 2,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари , и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
↑ М. Пандевски и Г. Стоев-Трнката. „Струмица и Струмичко низ историјата“, Струмица, 1969, стр.
↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 106-107.
↑ „Населено место - Белотино“ . www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-04 .
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе... ).“
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
↑ „Описи на ИМ“ . Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019 .
↑ „Претседателски избори 2019“ . Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019 .
↑ „Парламентарни избори 2020“ . Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020 .
↑ „Пеливаните од Костурино биле страв и за Османлиите“ . .vest.com.mk. Посетено на 2013-05-05 .[мртва врска ]
Надворешни врски