Фудбалска репрезентација на Алжир
Фудбалска репрезентација на Алжир го претставувa Алжир на меѓународните фудбалски натпрварувања и е под контрола на алжирската фудбалска федерација (الاتحادية الجزائرية لكرة القدم). Прекар на репрезентацијата е Guerriers du Désert (македонски: Пустински лисици). Репрезебтацијата на Алжир досега четиринаесет пати учествувала на Африканскиот куп на нации. Најдобар резултат оствариле во 1990 година кога како домаќини на турнирот станале шампиони. До сега исто така имаат и 4 настапи на завршницата на Светските првенства, но само во 2014 година ја минале групната фаза. За официјален дом на репрезентацијата се смета Стадионот 5 јули 1962 во главниот град Алжир. ИсторијаРепрезентацијата на Алжир досега играла на Африканскиот куп на нации, првпат во 1968. Истото натпреварување го освоила во 1990 година на домашен терен. Покрај тоа имаат уште едно финале (1980) и четири полуфиналиња (1982, 1984, 1988, 2010). На Светско првенство првпат се пласирале во 1982 година во Шпанија, кога несреќно испаднале во групната фаза, во која играле со Западна Германија, Австрија и Чиле. Во својот прв натпревар Алжир го изненадил целиот фудбалски свет, кога со головите на Маџер и Белуми ја победиле фаворизираната Западна Германија[3]. Во вториот натпревар, пет дена подоцна, Алжир бил поразен од Австрија со 2:0[4], така да одлучувачки за пласман понатаму за нив бил третиот натпревар во групата против Чиле. Алжир го добил натпреварот против Чиле со резултат 3-2[5], со головите на Асад и Бенсаула. Бидејќи во последниот натпревар Западна Германија ја совладала Австрија, три репрезентации на врвот на табелата имале по четири бода (победа тогаш изнесувала два бода). Заради подобрата гол-разлика Западна Германија го освоила првото место, Австрија второто, а Алжир дури третото, и со тоа испаднале од натамошното натпреварување. Било тоа едно големо разочарување за оваа африканска нација. Четри години подоцна, во Мексико, Алжир ни од близу не бил истата репрезентација која настапила во Шпанија. Во група со Бразил, Шпанија и Северна Ирска, Алжир завршил како последен со само еден бод. Во првиот натпревар одиграл нерешено 1-1 со Северна Ирска, а голот за Алжир го постигнал Џамел Зидан.[6]. Во вториот натпревар се минимално поразени од Бразил со 1:0[7], а во последниот натпревар од групата со високи 3-0 загубиле од Шпанија, што бил голем удар пред заминувањето дома.[8]. Настапи на турниритеНастапи на Светските првенства
Настапи на Африканскиот куп на нации![]() Тунис - Алжир 1-0, АКН 2013. ![]() Алжир - Брегот на Слоновата Коска 2-2, АКН 2013.
ИграчиМоментален составСледниве 23 играчи се повикани за Африканскиот куп на нации 2015 и подготовките за нив.[9] Играчки рекорди
Надворешни врски
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia