Фудбалска репрезентација на Чиле
Фудбалската репрезентација на Чиле го претставува Чиле на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската федерација на Чиле која е основана во 1895 година. Репрезентацијата е позната како La Roja („црвените“).[1][2][3] Чиле досега настапил на девет Светски првенства и биле домаќини на Светското првенство 1962 каде што завршиле на третото место, што до денес е нивниот најдобар пласман на турнирот. Чиле ја освоил својата прва титула на Копа Америка, на изданието во 2015 на кое биле домаќини, победувајќи ја Аргентина во финалето.[4] Следната година, тие успешно ја одбраниле титулата совладувајќи ја повторно Аргентина во финалето на Копа Америка Сентенарио во САД.[5] Претходно, најголемиот успех на Чиле на Копа Америка било второто место кое го освоујувале во четири наврати. Настапи на турниритеНастапи на Светските првенства
Настапи на Копа Америка
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia