Хлодион
Хлодион (околу 392/395–445/448) - наречен Долгокосиот бил крал на Салиските Франки од династијата Меровинзи. Тој живеел на територијата на Тирингија, во тврдината Диспаргум. Тој ja нападнал Римското Царство во 428 поразувајќи ги римските сили во Камбре, и се утврдил во Северна Галија, каде веќе живееле и други групи Салиски Франки. Иако бил напаѓан од страна на Римјаните, успеал да ја задржи својата положба и 3 години подоцна, во 431, го проширил своето кралство јужно од реката Сома во идната Франкија. Во 448, 20 години по започнувањето на неговото владеење, Хлодион бил поразен во неидентификувано место во Галија кое Флавиј Ециј, командант на римската војска, го нарекува Викус Хелена (латински: Vicus Helena). Како и сите меровиншки кралеви, Хлодион носел долга коса како ритуален обичај. Негов наследник веројатно бил Меровех, според кој династијата го добила името 'Меровинзи'. Книгата за историјата на Франките (латински: Liber Historiae Francorum)[2] вели дека негов татко бил Фарамонд, за кој многумина веруваат дека бил легендарна личност поврзана со оваа лоза. Денешните историски истражувања сугерираат дека Фарамонд впрочем бил Вараздат соборен регент и принц на протераната Сиуниска династија[3] сепак, семејната поврзаност не може да се потврди со апсолутна сигурност. Фредегеровата хроника го прикажува Хлодион како син на Теодемер, еден од водачите на Салиските Франки и крал на Теруана (409-414).[4] Теодемер наводно бил франкиски крал за кој Григориј Турски вели дека бил погубен од страна на Римјаните. Во двата случаи, потеклото е несигурно и оспорено. КонтекстИзвориЗа Хлодион се знае само од два извори, Панегирика за Мајоријан од Сидониј Аполинариј во 458 година и Историја на Франките[5] од Григориј Турски во 592 година. Салиските Франки и Римското Царство на почетокот на 5 векПред доаѓањето на Хлодион, од 342 година Салиските Франки биле инсталирани како федерации во Римското Царство, на север од Галија, во Токсандрија[Белешки 1], помеѓу мезанските мочуришта, северно од денешниот Мастрихт и шумата Шарбоњер[6]. Од 17 јануари 395, Римското Царство било поделено на два дела: Источна империја и Западна империја[7]. Од 407, повеќе германски народи навлегле во Галија и се населиле. Визиготите создале кралство во Аквитанија, Аланите (негерманско население) зазеле области во близина на Орлеан, Бургундите и Алеманите се населиле долж Рајна[Белешки 2]. За време на владеењето на Хлодион, Валентинијан III бил цар во западниот дел на Римското Царство[8]. Животопис![]() Хлодион почнал да владее околу 428[9].Тој можеби го наследил кралот на Франките, Теодомер, без да се знае дали имало години на интерегнум помеѓу двата кралеви[Белешки 3][10]. Тој ги водел Салиските Франци од тврдината Диспаргум, сместена источно од Рајна. Околу 432-435, Хлодион дознал дека градовите во римската провинција Белгиска Галија биле без одбрана[Белешки 4]. Впрочем, многу од војниците на римскиот генерал Флавиј Ециј задолжен за одбрана на Галија биле прераспоредени од овие територии за да се борат против Бургундите, Аланите и Визиготите[Белешки 5]. Хлодион одлучил да тргне во воен поход и собрал војска. Франките ја преминале шумата Шарбоњер, го зазеле градот Турне, потоа и Камбре и Арас уште при првиот напад и ја зазеле целата територија до реката Сома[11][12]. Освен лесните грабежи, Хлодион се обидел да ја наметне неговата власт како воин и крал на територијата која сакал да се протега околу Рајна, Сома, Меза и Северното Море[Белешки 6].Окупацијата траела неколку години без Аециј да се обиде да го запре зафатен со битките на друго место[Белешки 7]. Во 448, Хлодион конечно бил нападнат од страна на Аециј и неговиот полковник Мајоријан. Генералот имал намера да ги сопре Салиските Франки кои присвојувале територии без негова дозвола[13]. Хлодион,кој не бил подготвен за воено соочување со Римјаните, принуден бил да побегне[14]. Меѓутоа Аециј бил свесен дека нема воени средства одново да ја освојува територијата па затоа претпочитал да преговара со федусот Хлодион околу сојузничкиот договор од 342 година со кој Салиските Франки станале федерација која се борела на страната на Рим[Белешки 8]. Тој им дозволил да се населат во Империјата, на териториите коишто тие веќе ги освоиле во Арас, Камбре и Турне[Белешки 9]. Последниот град станал престолнина на Хлодион[15][16]. Ова биле корените на идното франкиско кралство на Хлодовик I[17]. По 20 години владеење Хлодион умрел во 451 година[18]. Според франкискиот обичај, неговото кралство било поделено помеѓу синовите. Постариот, веројатно Меровех, го добил градот Турне и околијата. Другите двајца наследници ги добиле Кабре и Тонгр[13]. Историографски дебатиПовеќе елементи од биографијата на Хлодион остануваат нејасни. Некои сѐ уште се дискутираат од страна на историчарите. Местото од каде што потекнува, генеалогијата, историските извори и прекарот се предмет на контроверзност. ДиспаргумЕдинствената информација која ја дава Григориј Турски за локацијата на Диспаргум е дека, во неговото време (втората половина на 6 век) оваа тврдина се наоѓала на територијата на која живееле Тирингите[2]. За жал ни Григориј Турски ни неговиот современик, поетот Венанциј Фортунат не ги назначуваат границите на Тирингија во 6 век[Белешки 10]. Во 1893 година, историчарот Годфроа Курт не сакал да ја бара локацијата на Диспаргум. Тој воедно потсетува дека ова место можеби е само легендарно[19]. Во 1979, историчарката Емилијан Демужо го сместува на границата помеѓу Белгија и Холандија а во 1988, писателот Жорж Бордонов наведува дека градот уште не е идентификуван[20]. Во 1720 година, Луј-Себастијан Ле Нен де Тилмонт вели дека селото Дизбург, во близина на Брисел, веројатно е Диспаргум. Оваа идентификација ја презеле и историчарите Пјер Рише и Патрик Перен во 1996[21]. Исто така во 1996, Мишел Руш се колеба помеѓу Дизбург во Белгија и Дизбург во Германија[22]. ПотомствоИсторичарот Годфроа Курт во 1893 вели дека „Хлодион е најстариот крал за кој Григориј Турски дознал од народните песни на Салиските Франки“[23]. Овој податок потоа широко бил прифатен од подоцнежните историчари[20]. Сепак, името на неговата кралица и бројот на неговите деца останува непознат[24]. Наспроти тоа,повеќе историчари изготвиле хипотези за поколението на Хлодион врз основа на сведоштва или фалсификувајќи одредени елементи. Хипотези за потеклото и поколениетоТеодомер, Меровех и Клодовалд се историските личности кои честопати се поврзувани со Хлодион. Во 660, Хрониката на Фредегер кажува дека кралот Теодомер за наследник го имал неговиот син Хлодион[25]. Историчарите наведуваат дека ваквата поврзаност меѓу Теодомер и Хлодион се темели на текстот на Григориј Турски.[Белешки 3] Григориј Турски во неговата Историја на Франките напишал дека „некои тврдат дека неговата лоза (онаа на Хлодион) произлегува од кралот Меровех“. Оттука,историчарот Годфроа Курт тврди дека Меровех е син на Хлодион[26]. Тоа тврдење го следеле и многу други историчари иако некои како Пјер Рише и Патрик Перен биле резервирани во поглед на таквото тврдење. ИзвориПисателот Сидониј Аполинариј (430-486) бил современик на Хлодион, што не било случај со Григориј Турски (539-594). Според белгискиот историчар Годфроа Курт, во неговото дело Поетска историја за Меровинзите, изворот на архиепископот од Тур најверојатно била народна песна на Салиските Франки. Историчарот истакнува дека „во времето на Григориј Турски, […] имало некоја народна песна за освојувањето на Белгиска Галија од страна на Франките. Раскажувачот (Григориј), од неа го извлекот тоа што самиот го сметал за историски настан[27]. ПрекарПрекарот „Долгокосиот крал“ потекнува од Григориј Турски а се користи за именување на Хлодион од околу 1616[28]. Овој обичај да се разликуваат луѓето според косата е доста раширен кај Германите. Кај Визиготите долгата коса било симбол на слободен човек, а кај Вандалите, исто и кај Меровинзите, долгата коса била симбол на кралското семејство[29]. Белешки
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia