Цветанка ОрганџиеваЦветанка Органџиева (Велес, 1923) — македонски поет, славист и историчар на книжевноста, поранешен универзитетски професор и научен советник[1]. ЖивотописОрганџиева е родена во Велес во 1923 година. Како ученичка во II клас била активен член на Литературната дружина „Јован Дучиќ“ во Велес во 1939 година. Во родниот град завршила гимназија во 1942, а потоа една година била на студии по германистика на Историско-филолошкиот факултет во Софија. Зачувани се повеќе нејзини песни на македонски јазик од 1944 година. По Ослободувањето објавувала песни во списанијата „Нов ден“ и „Иднина“, во весникот „Нова Македонија“ и др. Подоцна во 1948 дипломирала славистика и докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб на 23 јуни 1962 година на тема „Objavljivanje i proučavanje junačkih pjesama kod Južnih Slavena i Rusa do 1920 godine s naročitim osvrtom na pitanje postanka i razvitka junačkih pjesama“. Првин била асистент на Филозофскиот факултет во Скопје во 1949[2], а потоа и професор, научен советник до 6 декември 1983 и директор на Институтот за фолклор во Скопје (1 јули 1976 - 30 јуни 1978)[3]. Во 1972 година, Органџиева ја добила наградата 13 Ноември од областа на науката[4]. Библиографија
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia