Цвета Апостолска
Цвета Панчева Апостолска (Штип, 1913) — македонски учесник во НОВ уште од 1941 година.[1][2] ЖивотописАпостолска е родена како Панчева во 1913 година во Штип. Таа е сестра на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров.[3] Пред војната била симпатизер на напредното работничко движење. Од 1941 година учествувала во заднината на НОД[3] и во својот дом повремено чувала илегалци и илегален материјал.[2] Подоцна станала директен учесник во НОВ. Бидејќи нејзиниот сопруг, народниот херој Михајло Апостолски бил командант на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ за Македонија, била држана на поединачна врска. Во зимата 1943 - 1944 година по директива на Партијата илегално престојувала во Бугарија. Во април 1944 стапила во единиците на НОВ и ПОМ, во Втората македонска ударна бригада.[2] Од август 1944 година била доделена на работа во Националниот комитет на АВНОЈ, во поверенството за обнова на земјата.[2] По војната се вклучила активно во општествено-политичкиот живот на Македонија и Југославија. Одреден период работела и како службеник во УДБА. Била член на КПЈ од 1948 година.[3] ПоврзаноНаводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia