Цветко БошковскиЦветко Ѓорѓиев Бошковски ( 1928 во Нова Брезница — 12 април 1945 во Врпоље) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1] ЖивотописСе занимавал со земјоделство и чување на добиток. На 10 септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Бил распореден во првата чета на вториот баталјон. Баталјонот бил младински ѝ претставувал ударна сила на бригадата. Бил учесник во двомесечните борби против балистите и Германците на падините на Скопска Црна Гора. По ослободувањето на Македонија во составот на бригадата водел борба против балистите, сè до нивното дефинитивно уништување. Учествувал и во борбите на Сремскиот фронт. Таму на 12 април 1945 година, храбро загинал. Бил закопан заедно со други македонски и југословенски партизани во заедничка гробница во Врпоље.[1] Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia