Според податоците од 1878 година, во селото имало 16 домаќинства во 62 жители христијани (Македонци)[3]
Население
Население во минатото
Година
Нас.
±%
1948
938
—
1953
1.025
+9.3%
1961
1.125
+9.8%
1971
908
−19.3%
1981
276
−69.6%
Година
Нас.
±%
1991
92
−66.7%
1994
80
−13.0%
2002
85
+6.2%
2021
33
−61.2%
Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 30 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 87 мажи христијани, со 6 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 186 жители.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пуста Брезница се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[10]
Нова Брезница (порано Пуста Брезница) — македонско село.
Според истражувањата од 1950 година. Родови во селото биле:
Доселеници:Синадиновци (18 к.) први доселеници. Една нивна гранка се вика Марковски. Доселени се кон крајот на XVIII век од селото Здуње во Порече. Таму имаат истоимени роднини; Бошковци (3 к.) гранка се од родот Синадиновци, со кои биле еден род порано; Трпевци (16 к.) доселени се на почетокот на XIX век од селото Томино Село во Порече. Подалечно потекло имаат од сега раселениот град Закамен во Малесија. Го знаат следното родословие: Китан (жив на 60 г. во 1950 година) Коце-Петре-Станко-Трпе, кој се доселил; Ѓоревци (7 к.), Миленковци (11 к.) и Ѓоргијовци (10 к.) доселени се од Манастирец во Порече (денес Горни и Долни). Во родот Ѓоревци се знае следното родословие: Цветан (жив на 57г. во 1950 година) Ѓоргија-Анѓеле-Ѓоре, кој се доселил. Во родот Миленковци се знае следното родословие: Миладин (жив на 54г. во 1950 година) Билбил-Трајко-Миленко, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) се делат на Тасевци и Велевци. Доселени се од селото Здуње во Порече; Крстевци (4 к.) доселени се од селото Брест во Порече. Го знаат следното родословие: Вељан (жив на 58г. во 1950 година) Мате-Саве-Крсте, кој се доселил; Стевановци (8 к.) доселени се од селото Ковач во Порече. Го знаат следното родословие: Стојко (жив на 40г. во 1950 година) Стојан-Ристо-Стеван, кој се доселил; Здравевци (8 к.) доселени се од Бабуна во Велешко; Стојчевци (5 к.) доселени се од Брезница во Порече; Стаменковци (2 к.) доселени се од Белица во Порече; Василевци (5 к.) и Плавичовци (7 к.) доселени се од раселеното село Букурци во клисурата на реката Треска. Во првиот род се знае следното родословие: Дукадин (жив на 44 г. во 1950 година) Иван-Јован, кој се доселил во селото.[19]
↑Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.496
↑„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 94-95.
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на христијанското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2021.
↑Верковиќ, Стефан (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи. Санкт Петербург.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Трифуноски, Јован (1958). Слив Маркове Реке - антропогеографска. Скопје: Филозофски факултет.
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.