Централна Африка![]() ![]() Централна Африка е средиштен регион во Африка во кој влегуваат Бурунди, ДР Конго, Руанда, Централноафриканската Република и Чад. Средна Африка (како географски подрегион на ООН) е сличен географски поим кој ги опфаќа Ангола, Габон, Екваторска Гвинеја, Камерун, ДР Конго, Република Конго, Саун Томе и Принсип, Централноафриканската Република и Чад.[1] Сите држави во оваа област на ООН, заедно со другите што обично се сметаат за дел од централна Африка (вкупно 11), ја сочинуваат Економската заедница на централноафриканските држави (ECCAS).[2] Централна Африка ги опфаќа териториите што, главно, му припаѓаат на сливот на реката Конго. Таа опфаќа дел од внатрешниот слив на езерото Чад и непосредниот слив на Атлантскиот Океан. Се простира во екваторскиот појас, така што се одликува со типична екваторска клима, со високи температури (25°С) и голема влажност. Има густа речна мрежа и разновиден растителен свет, главно претставен со непрегледни прашуми и савани, и разновиден животински свет - слонови, мајмуни, птици, влекачи и инсекти. СтопанствоГлавни стопански гранки се земјоделството, шумарството и сточарството. Од земјоделските култури најразвиени се банани, какао, кафе, памук, пченка. Во шумите најзначајни се тиковото, каучуковото и абоносовото дрво. Од сточарството најразвиено е говедарството. Во Централна Африка постојат разни рудни богатства. Најзастапени се: железо, калај, уран, кобалт и дијаманти. Од индустриските гранки најразвиени се прехранбената, дрвната, текстилната и металната индустрија. Густата и полноводната мрежа на реката Конго со притоките е голем енергетски потенцијал и основа за сообраќајната комуникација во Централна Африка. ДемографијаВо централна Африка главно живеат народите од групата Банту. Најзастапени се банту-јазиците, а во некои подрачја се говорат и чадските и нилосахарските јазици. Предоминантна религија во централна Африка е христијанството, кое во некои места се одликува со примеси од народните верувања. ЗемјиЗемји во Средна Африка (подрегион на ООН) :
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
| |
Portal di Ensiklopedia Dunia