Цератопсиди![]() Цератопсиди (понекогаш напишани Цератопиди) — семејство на маргиноцефални диносауруси, вклучувајќи ги Трицератопсот, Центросаурусот и Стиракосаурусот. Сите познати видови биле четириножни тревојади од Горната Креда ера, главно од Западна Северна Америка (Ларамидија), и се одликуваат со клунови, со редови заби во задниот дел на вилицата, испакнати назални рогови и тенка париетално-сквамозална слепоочница што се превиткува од наназад па нагоре во набор. Групата е поделена на две потсемејства — Хасмосауриди и Центросауриди. Хасмосауридите обично се одликуваат со долги, триаголни набори и добро развиени рогасти веѓи. Центросауридите имаат добро развиени назални рогови, пократки и поправоаголни набори и испакнати боцки на задниот дел од наборот. Овие рогови и набори имаат извонредна разновидност и се главните средства преку кои се распознаваат различните видови. Нивната корист не е целосно јасна. Одбраната од грабливците е еден можен одговор – иако наборот е релативно кревок кај многу видови – но поверојатно е дека, како и во современите копитари, тие биле секундарни полови одлики што се користеле при истакнување или за интравидова борба. Масивните рогови на черепите на Пахириносаурусот и Ахелоусаурусот личат на оние рогови на современите мошусни волови, што укажува на тоа дека тие бореле со разбивање со главите. Центросауридите често биле наоѓани во масивни коскени ископини со неколку други видови заедно, што укажува на тоа дека животните живееле во големи разновидни стада. Палеобиологија![]() ПоведениеФосилните депозити во кои доминираат голем број на цератопсиди од одделни видови сугерираат дека овие животни биле донекаде социјални.[1] Сепак, точната природа на социјалното однесување на цератопсидите историски била контроверзна.[2] Во 1997 година, Леман тврдел дека агрегациите на многу поединци зачувани во коскените ископини настанале како локална „наезда“ и ги споредил со слични современи појави како кај крокодилите и желките.[2] Други автори, како што е Скот Д. Семпсон, ги толкуваат овие пронајдоци како остатоци од големи „социјално сложени“ стада.[2] ![]() Современите животни со истакнати сигнали за парење како роговите и наборите на цератопсидите имаат тенденција да формираат вакви големи, сложени израстоци.[3] Семпсон, во поран труд открил дека центросаурските цератопсиди не постигнуваат целосно развиени сигнали за парење сè додека не станат возрасни.[4] Тој наоѓа заедништво помеѓу бавниот раст на сигналите за парење кај центросаурусите и продолжената адолесценција на животните чиишто социјални структури се рангирани хиерархии засновани на разлики поврзани со возраста.[4] Во овие видови групи, младите машки се обично сексуално зрели неколку години пред да започнат да се размножуваат, кога нивните сигнали за парење се најцелосно развиени.[5] Женките, за разлика од нив, немаат толку проширена адолесценција.[5] Други истражувачи кои ја поддржуваат идејата дека цератопсидите живееле во стада претпоставуваат дека овие здружувања биле сезонски.[6] Оваа хипотеза ги прикажува цератопсидите како живеат во мали групи во близина на крајбрежјето за време на дождливата сезона и во внатрешноста на земјата на почетокот на сушната сезона.[6] Поддршката за идејата дека цератопсидите формирале стада во внатрешноста на копната, доаѓа од поголемиот број изобилства на коскени ископини во внатрешните копнени наслаги отколку крајбрежните. Миграцијата на цератопсидите далеку од крајбрежјето можеби претставувала преселба во нивните места за гнездење.[6] Многу африкански сточарски животни денес се однесуваат слично, здружувајќи се сезонски.[6] Стадата исто така би имале одредено ниво на заштита од главните грабливци на цератопсидите, тираносауридите.[7] ДиетаЦератопсидите биле прилагодени на обработка на растителен материјал со висока содржина на влакна со нивните многу развиени забни парапети и испакнати заби.[8] Можеби ја искористувале ферментацијата за да го разложат растителниот материјал со цревна микрофлора.[8] Малон и сор. (2013 г.) го испитал соживотот на тревопасни животни на островскиот континент Ларамидија, за време на Доцната Креда. Било заклучено дека цератопсидите се генерално ограничени на хранење со вегетација на висина од 1 метар или под неа.[9] ФизиологијаЦератопсидите веројатно имале „низок масно-специфичен метаболички рејтинг“, типичен за животни со големи тела.[8] Сексуален диморфизамСпоред Скот Д. Семпсон, доколку цератопсидите имале сексуален диморфизам, современите еколошки заклучоци сугерираат дека разликата би била во нивните сигнали за парење како роговите и наборите.[10] Нема убедливи докази за сексуален диморфизам во големината на телото или сигналите за парење кај цератопсидите, иако ова било присутно во попримитивниот Протоцератопс андруси, чии пол се разликувал според големината на наборот и назалната проминенција.[10] Ова е во согласност со другите познати четириножни групи каде средните животни имаат тенденција да покажат значително повеќе сексуален диморфизам отколку поголемите.[11] Меѓутоа, ако имало сексуално диморфни црти, тие можеби биле варијации на меките ткива, како бои или висечка кожа, кои не би биле сочувани како фосили.[11] Еволуција![]() Скот Д. Семпсон ја споредил еволуцијата на цератопсидите со онаа на некои групи цицачи: обете биле брзи од геолошка перспектива и ја предизвикале истовремената еволуција од големи димензии на телото, изведени структури на хранење и „разновидни рогасти органи“.[2] ПалеоекологијаГлавните грабливци на цератопсидите биле тираносауридите.[7] Постојат докази за агресивна интеракција помеѓу Трицератопсот и Тираносаурусот во форма на делумно зараснати траги од заби од тираносаурус на рогастите веѓи и тилот на Трицератопсот; каснатиот рог е исто така и скршен, со нов раст на коските по кршењето. Сепак, не е познато која е точната природа на интеракцијата: било кое животно може да било агресор.[12] Бидејќи раните на Трицератопсот зараснале, најверојатно Трицератопсите ја преживеале средбата и успеале да го надминат Тираносаурусот. Палеонтологот Питер Додсон проценува дека во битка против бик Трицератопс, Трицератопсите имале предност и успешно би се одбраниле нанесувајќи му смртоносни рани на Тираносаурусот користејќи ги неговите остри рогови.[13] Класификација![]() ![]() Кладата Цератопсиди била дефинирана во 1998 г. од Пол Серено како група која го вклучува последниот заеднички предок на Пахириносаурусот и Трицератопсот; и сите нејзини потомци.[14] Во 2004 г., Питер Додсон започнал да го вклучува Трицератопсот, Центросаурусот и сите потомци на нивниот најнов заеднички предок.[15] Користена литература
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia