Циганче (птица)
![]() ![]() ![]() . ![]() ![]() Циганчето (науч. Phoenicurus ochruros) е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата (Muscicapidae), која порано била сместена во семејството на дроздовите (Turdidae). СистематизацијаИма многу подвидови кои се разликуваат главно по боите на долните делови кај мажјаците, но различни авторитети прифаќаат 5-7 подвида. P. o. phoenicuroides групата; основна група, со распространетост низ централна и источна Азија; женките и младенчињата се светлосивокафеави;
P. o. ochruros групата. Западноазиска форма, женките и младенчињата се средни.
P. o. gibraltariensis групата. Европската популација, со женки и младенчиња кои се темносиви.
ОписЦиганчето е многу слично на лисестото циганче. Тоа е долго 13-14 см и тежи 12-20 грама. Возрасниот мажјак е темносив до црн на горните делови од телото и градите; кај задникот и опашката е црвенопортокалов, со два централни пердуви на опашката кои се темноцрвенокафеави. Стомакот и под опашката е црнкавосив (западните подвидови) или портокаловоцрвен (источните подвидови); крилјата му се црносиви, со светли рабови на секундарните пердуви кои формираат белкава (западните) или црнкава (источните) дамка. Женките се целосно сиви (западните подвидови) или сивокафеави (источните подвидови), освен портокаловоцрвениот дел кај долниот дел од задникот и опашката. Едногодишните мажјаци се слични на женките, но поцрни. Белкавата дамка на крилјата се формира на двогодишна возраст.[2][3] Распространетост и живеалиштеИма широка распространетост на размножување во јужна и централна Европа, вклучувајќи ја и Македонија и Азија, како и во северозападна Африка, од Велика Британија и Ирска, на југ до Мароко и на исток до централна Кина. Таа е постојан жител во поумерените делови на својата распространетост, но птиците од североисточниот дел се селат зимно време во појужна и западна Европа и Азија и северна Африка. It nests in crevices or holes in buildings.[2][3] Оригиналното живеалиште на овие птици биле каменитите предели во планините, особено карпите, но околу 1900 година се прошириле и адаптирале во урбаните услови на живеење, каде градат гнезда во пукантините и дупките на ѕидовите. Уште поголемо проширување се случило за време и по Втората светска војна во бомбардираните области, а големите индустриски комплекси кои имаат голи, слични на карпа ѕидови особено ги фаворизирале. Се храни со инсекти кои ги фаќа во лет, птиците што се селат често се хранат на крајбрежјата со мушички и многу мали ракови. Често ја држи опашката раширена. А песната на мажјакот е растреперена, повикот како тивок знак. Источните раси се многу ретки скитници во западна Европа.[4] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia