Црвено ПолеЦрвено Поле — археолошко наоѓалиште кое се наоѓа 37 км североисточно од Струмица, на крајниот југоисток на Македонија, на самата граница со Бугарија, 15 км северно од општинскиот центар Ново Село и 8,5 км северно од селото Барбарево, во чиј атар и припаѓа.[1] МестоположбаНаоѓалиштето е сместено високо во пазувите на планината Огражден, на околу 1200 м надморска височина, во посебен микро-географски регион кој го сочинуваат неколку ридови во низа, со правец на простирање југоисток-северозапад. Ридовите меѓусебно се поврзани со благи преслапи, така што се добива впечаток дека станува збор за висорамнина што се спушта кон југ. Ваквата местоположба, заштитена од високите врвови на планината Огражден и падот на ридовите кон југ, овозможува целодневна изложеност на сонце, а истовремено и заштита од северните ветрови, што е посебно важно во текот на зимскиот период. Во околината има и неколку чешми, како и две помали реки, од кои едната тече во централниот дел и ја дели висорамнината на два дела, а другата ја врамува јужната страна. По брегот на рекичките се распослани обработливи земјоделски површини и пасишта. Околните повисоки планински масиви се обраснати со густа букова шума, богата со најразновиден дивеч, и истовремено извор на градежен материјал и огревно дрво. Сето ова го прави овој микро-регион погоден за живот. Ова го потврдуваат и 7 домаќинства од вкупно 13, колку што има селото Барбарево, најблиската современа населба. Тие летото го поминуваат на Црвено Поле, занимавајќи се со сточарство и одгледувајќи компири и жито. НаоѓалиштаНа пет места досега се регистрирани архитектонски и духовно-материјални остатоци од минатото кои заокружуваат една компактна целина на организиран живот, кој се одвивал повеќе од шест века .
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia