Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Драма (XIX век)За поновата истоимена катедрала во градот, видете Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Драма (XX век).
Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδια της Θεοτόκου) наречена и Стара митрополија (Παλαιάς Mητροπόλεως) — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Порано била катедрален храм на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ИсторијаХрамот е изграден на местото на византиска или ранопоствизантиска црква, целосно обновена во 1721 г. од епископот Партениј Драмски.[2][3] За оваа обнова се знае од мермерна плоча вградена во соседната митрополитска зграда.[2] Од ракописна литургија од 1735 г. која се чува во олтарот, се знае дека прв ктитор на храмот бил епископот Фотиј Филипски, што значи дека црквата е изградена пред 1300 г., кога Драма е одвоена од Филипската митрополија.[2] Црквата е опишана на почетокот на XVIII век од францускиот патописец Пол Лика.[2] По разорниот земјотрес од 1829 г. храмот претрпел целосна обнова која траела од 1834 г.[3] па сè до 1975 г. Според Асен Василиев, градител на црквата е Јанкул Силјанов од Тресонче.[4] АрхитектураХрамот претставува трикорабна базилика со двоводен покрив, типичен за тоа време,[1][3] Има скромна надворешност.[5] Во дворот има чешма и мраморно корито. Има двавлеза — еден од запад и еден од север. Трета врата води до женската црква и камбанаријата, подигната во 1893 г. Мала врата води од жртвеникот на исток кон дворот.[5] Внатрешноста е поделена на три кораба со два реда од по седум столбови.[5] Од старините зачувани се вредниот резбан иконостас од почетокот на XIX век, владички престол, амвонот и проскинитар.[1][5] Има забележителни икони од 1850, 1864, 1865 и 1871 г. Нивни автори се Серги Георгиев од Неврокоп, Антим од Неврокоп и Димитар Неделчев од Караќој. Една икона на Свети Спиридон на владичкиот престол е дело на Јаков Мелнички: χειρ Ιακώβου Ν. Μελενικίω ετος αων' (= 1850).[3][6][7] Во апсидата е зачувана фреска на која е претставено Симнувањето од крстот, потпишана долу од Димитар Неделчев.[5] Во 1917 г. бугарската војска однела вредно ракописно евангелие, кое денес се чува во Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија.[3] Во 1971 г. е урнат предниот дел на црквата, за да може да се гледа новата катедрала.[5] Во 1975 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[1][2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia