Црква „Вознесение Христово“ - Градешница
Вознесение Христово – црква во селото Градешница. МестоположбаЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото во близина на месноста Темнички Вир.[1] ИсторијаБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили.[2] Местото на коешто се наоѓа црквата „Вознесение Христово“ имала производен карактер, а во вдлабените делови од карпите кои се јасно видливи и денес се произведувало вино.[3] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Над влезот има празна ниша. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се сместени бројни икони. Во дворот на црквата се се сместени два помошни објекти, од кои едниот е изграден од дрво, а другиот од бетонски тули. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia