Црква „Св. Антониј“ - Градешница
Свети Антониј – црква во селото Градешница. МестоположбаЦрквата се наоѓа во пошумен предел на околу стотина метри источно од селото. ИсторијаБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Вознесение Христово“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Антониј“ се користел за престој и бил наменет за уживање.[1] Црквата настанала откако вилата којашто се наоѓала на нејзиното место во IV век била претворена во ранохристијански храм, а остатоците се забележителни и денес. Во денешниот облик, црквата била изградена во текот на 1980-тите.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата има натпис на грчки јазик. Внарешноста на црквата не е зогафисана и во неа има бројни икони. Во дворот на црквата, непосредно пред влезот има надгробен споменик. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia