Црква „Св. Ѓорѓи“ - Градешница
Свети Ѓорѓи – гробјанска црква во селото Градешница. МестоположбаЦрквата се наоѓа во источниот дел од селото. ИсторијаБранислав Ристески од Институтот за старословенска култура во Прилеп во склоп на опсежни археолошки истражувања во периодот од 1990 до 1998 година открил дека на местото на коешто се наоѓаат денешните цркви „Св. Антониј“, „Св. Ѓорѓи“ и „Св. Спас“ од средината на II до крајот на III век постоел комплекс на римски вили. Местото на коешто денес се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“ постоеле простории наменети за престој и производство.[1] Од керамиката украсена со спирали којашто е вградена во фасадата на црквата се заклучува дека во селото Градешница има континуитет на живеење од праисториско време.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е со правоаголна основа без апсида. Влезот се наоѓа на западната страна и во црквата се влегува преку дрвена врата. Десно од влезната врата, во самиот ѕид е вградена керамика којашто е украсена со спирали. Внатрешноста на црквата не е зографисана и во неа се наоѓаат бројни икони. Објектот е изграден од камен и од тули, а покриен е со кров од ќерамиди. Во дворот на црквата има помошен објект и гробишта. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia