Црква „Вознесение Христово“ - Долнени
Вознесение Христово — главна селска црква во селото Долнени.[1] Сместена е во северниот дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена и зографисана во 1857 година во време на пелагонискиот митрополит Бенедикт Византиски.[2] АрхитектураГрадбата на црквата е еднокорабна, со правоаголна основа и петострана апсида на источната страна.[2] На секоја страна од апсидата има по една слепа ниша. Влезот на храмот се наоѓа на јужната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а фрескописот е дело на браќата Димитриј, Ефтим и Ѓорѓи Андонови од Гари.[2] Дворот на црквата од јужната страна е ограден со метална ограда, а храмот дополнително е ограде од помошен објект на јужната и западната страна, додека на источната страна има бетонска ограда. На јужната страна од помошниот објект се наоѓа влезната прота која води до потесниот двор пред црквата и над неа се издига камбанаријата. Таа е со квадратна основа и се состои од два дела, така што на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Во потесниот двор на црквата, во близина на јужната страна има два гробни споменика. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia