Црква „Вознесение Христово“ - Локов (селска)За други значења на поимот, погл. Црква „Вознесение Христово“ - Локов.
Вознесението Христово или Свети Спас — главна селска црква во селото Локов.[1] Сместена е на ширина во југоисточниот дел на селото. ИсторијаОд натписот над главниот влез од црквата може да се забележи дека црквата била изградена во 1939 година. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источниот ѕид. Главниот влез е сместен на западната страна, додека на јужната страна има спореден влез. Непосредно над главниот влез има натпис со годината на изградба, а над натписот има ниша со фреска на која е насликан Исус Христос. Над споредниот влез има празна ниша. На јужната страна има три правоаголни прозорци, додека на средината од апсидата има монофора. Објектот е изграден од варовник, а на рабовите се забележуваат камени тули. Црквата е покриена со кров од ќерамиди, а апсидата со лимен кров. Внатрешноста на црквата е зографисана, а иконостасот е богат со икони. Во дворот на црквата се сместени камбанаријата и метален крст. Камбанаријата се наоѓа непосредно од десната страна на западниот ѕид на црквата. Таа има квадратна основа со залачени отвори во горниот дел. Варосана е во бела боја и е покриена со пирамидален кров од ќерамиди. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia