Црква „Пресвета Богородица“ - Јанче
Пресвета Богородица — главна и единствена црква во долнореканското село Јанче.[1] Црквата се наоѓа во јужниот дел од селото. ИсторијаВо првата половина на 2014 година, непознати сторители влегле во црквата преку прозорец од задната страна и украле три поголеми и една помала икона со старост поголема од еден век.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида во задниот дел. Главната влезна врата е сместена на западната страна и над неа има ниша со ликот на Богородица и Исус, а до внатрешноста на храмот води и споредба врата сместена од северната страна. На ѕидовите од црквата има повеќе прозорци. Црквата е градена од камен и е покриена со кров од ќерамиди. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него се наоѓаат помошен објект и камбанаријата. Камбанаријата е со правоаголна основа и истата се состои од два дела. Во долниот дел е отворена од сите страни, додека во горниот има по една голема монофора на западната и источната, како и по една голема бифора на северната и јужната страна. Покриена е со пирамидален лимен кров. Од надворешната страна на оградата, непосредно од десната страна на портата има чешма со натпис на српски јазик. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia