Црква „Пресвета Богородица Неракотворна“ - Солун
Пресвета Богородица Неракотворна (грчки: Παναγία Αχειροποίητος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Од 1988 г. црквата е дел од светското наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3] МестоположбаХрамот се наоѓа на главната солунска улица „Егнатија“, во западниот крај на античката агора. ИсторијаСпоред тулите и мозаиците, црквата датира од околу 450–470 г. Храмот претрпил архитектонски уште во VII век, а поозбилни промени датират од доцновизантискиот период во XIV – XV век. Црквата е трикорабна базилика со дрвени настрешници на покривот, која завршува на исток со полукружна апсида. Останати се неколку мозаици од V век, кои се истакнуваат поради високата уметничка изведба. Има живопис од XIII век. Црквата е изградена врз римска бања. Базиликата се споменува во писмени извори како црквата на Дева Марија, па дури и како Голема катедрала на Успението Богородично. Името Неракотворна (Ахиропиитос) е за првпат посведочено во документ од 1320 г.[1] „Пресвета Богородица Неракотворна“ е првата црква претворена во џамија веднаш по освојувањето на Солун во 1430 г. од Мурат II и останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Ески Џума[4] или Ески-џамија (Стара џамија). Иако претрпела доста обнови во нејзината долга историја, црквата се смета за еден од најдобро зачуваните и значителни примери за типичните базилики со галерии од византискиот период.[1] Натписот од султанот Мурат е зачуван во северната колонада, на осмиот столб од исток.[5] Библиографија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia