Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Барово
Рождество на Пресвета Богородица (позната како Мала Богородица) — главна селска црква во демиркапиското село Барово, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа над самото сретсело оставена во запуштена состојба и без прозорци. МестоположбаЦрквата се наоѓа на самото средиште на селото Барово.[3] До нејзе се пристапува по земјен пат од мостот над долот Студенец на главниот пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото. ИсторијаЦрквата е подигната во 1868 година на место на стара црква.[3] Била обновена во 1934 година.[2][4] АрхитектураЦрквата претставува трикорабна градба со два реда колони и дрвени таваници. На нејзе има шест прозорци по три на јужната и на северната страна. Поседува два влеза на јужната и на северната страна.[2] ФрескоживописЦрквата е фрескоживописана. Тоа било направена за време на нејзината обнова во 1934 година од страна на Г. Донев од селото Гари. ИконостасНа иконостасот се наоѓаат царски двери изработени од страна на Исаија Џиков од селото Осој, кој е потпишан на левото крило во долниот дел на дверите. Тие биле направени во 1870 година.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia