Името на селото првпат е документирано во турските документи од XV век. Името се поврзува со личното име Баро (Барбара, Бартоломеј, Бранислав).[2]
Географија и местоположба
Поглед на селото
Ова село се наоѓа во областа Бошавија, во југозападниот дел на територијата на Општина Демир Капија, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Кавадарци.[3] Селото е сместено на рид над долината на левиот брег на реката Бошава, а на иста страна и од земјениот локален пат Демир Капија-Конопиште, кој поминува низ селото Бесвица. Селото е ридско, на надморска височина од 470 метри, а од градот Неготино е оддалечено 33 километри.[3]
Барово се наоѓа под висорамнината Витачево, сместено на тераса низ која поминува дол, а под селото поминува реката Бошава во средниот дел на Баровската Клисура. Во селото се наоѓаат неколку кладенци спроведени во чешми, додека пониско од селото е изворот Врело. Околу селото постојат повеќе извори.[4]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Страње, Чука, Гољак, Шумаст Рид и Голем Сурија.[4]
Селото има збиен тип и е поделено три маала: Горно, Сретсело и Чифлик.[4]
Барово се одликува со традиционална градителска архитектура.[5]
Историја
Барово е старо село за што сведочат повеќе старини околу селото. Се сретнуваат повеќе месности каде се наоѓаат остатоци од некогашни активности на постарото население. Месноста Барова Црква е спомената и помеѓу прилозите на цар Душан на манастирот Трескавец од 1335 година.[4]
Стопанство
Куќи во селото
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 14,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 653,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 539,5 хектари, а на шумите 162,4 хектари.[3]
Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[3]
Селаните живееле од земјоделство и сточарство. Покрај муслиманското население, и голем дел од христијанското население работело на свои ниви, додека останатите работеле на чифлици. Во минатото, покрај реката Бошава се наоѓале оризишта и постоеле три големи воденици, додека во самото село постоел дуќан и две ковачници.[4]
Доселеници:Осовци (3 к.), доселени се од селото Војшанци, а таму се доселени од Неготино; Китевци (1 к.), доселени се од селото Дуброво; Јовчевци (1 к.), доселени се од селото Прждево; Ѓоговци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан, а уште подалечно потекло од Долни Дисан; Бачовци (2 к.), доселени се од селото Чемерско; Стојанчевци (1 к.), доселени се од селото Драчевица; Меловци (3 к.), доселени се од селото Горна Бошава, а таму се доселиле од селото Мрежичко; Деловци (1 к.), доселени се од селото Бојанчиште, а таму дошле од селото Вешје; Витановци-Бојковци (3 к.), доселени се од селото Бојанчиште, а во Бојанчиште се доселени од селото Конопиште; Гроздановци (1 к.), доселени се од селото Горни Дисан, а подалечно потекло од Долни Дисан; Делковци (1 к.), доселени се од селото Вешје; Андовци (1 к.), доселени се од селото Драчевица и Пиперковци (2 к.), доселени се од селото Бохула, а таму се доселени од Арнаутлук во XVIII век.
Доселеници:Мегленци (1 к.), доселени се од селото Фуштани во Меглен; Чучуковци (1 к.), доселени од Долни Дисан; Вејзовци (1 к.), доселени од Стрмашево; Даутовци (1 к.), и тие се доселени од селото Стрмашево; Мемедовци (1 к.), доселени се од селото Бесвица; Прцевци (1 к.), доселени од Бохула; Јаревци (1 к.), и тие се од селото Бохула; Гевгелички (1 к.), доселени се од селото Бесвица, а таму од Гевгелија и Агошовци (1 к.), доселени се од селото Бохула.
Турски Цигани:
Доселени:Јусуфовци (1 к.), биле ковачи доселени однекаде; Јусуфчевци (1 к.), доселени од Ваташа како ковачи и Еѓупци (2 к.), доселени од Страгово како ковачи, а таму од селото Ваташа.
Селото влегува во рамките на Општина Демир Капија, која била една од ретките општини која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така било дел од Општина Демир Капија.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на некогашната општина Неготино во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот 1955-1957 селото влегувало во рамки на општина Демир Капија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крњево, во која покрај селото Барово, се наоѓале и селата Бохула, Бунарче, Горна Бошава, Долна Бошава, Конопиште, Крњево, Радња, Страгово, Стрмашево и Чемерско. Општината Крњево постоела и во периодот 1950-1952 во која влегувале селата Барово, Горна Бошава, Долна Бошава, Крњево, Страгово и Стрмашево.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1248 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Барово, Драчевица и Стрмашево, кое е сместено во зградата на основното училиште во селото Барово.[15]
↑„Попис на Македонија“(PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 август 2021.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.