Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костараџа
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Γέννησης της Θεοτόκου) — црква во напуштеното село Костараџа, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1] ИсторијаХрамот е базилика подигната за време на македонската преродба. Подот бил покриен со плочи, а амвонот, владичкиот престол и иконостасот биле резбани. Живописана била само конхата на апсидата. Во северозападниот дел на наосот има величествена камбанарија.[1] На Велики четврток, 13 април 1944 г., единиците на Војската СС и Вермахтот го запалиле храмот, а притоа изгорел и покривот.[2] Веднаш по војната ѕидовите на црквата се зацврстени. Во 1979 г. храмот е делумно обновен од жителите на Нова Костараџа, основана од костараџани по Граѓанската војна. Обновен е и дел од покривот, и со тоа е направена црква во старата црква. На крајот од 1990-те одлучено е храмот прописно да се востанови — направенна е покривна конструкција, извршено е внатрешно малтерисување и живописување и изградена е нова галерија. Ремонтот завршил во 1999 г.[3] Во црквата се чува османлиско знаме запленето од костараџани кои учествувале во Битката кај Аламана на 23 април 1821 г.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia