Црква „Св. Ѓорѓи“ - Велебрдо

Свети Ѓорѓи

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Дебарско
Парохија Дебарско-реканска
Местоположба

Карта

Координати 41°36′56.1″N 20°35′52.6″E / 41.615583°N 20.597944°E / 41.615583; 20.597944
Место Велебрдо
Општина Маврово и Ростуше
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Георги
Архитектонски опис

Свети Ѓорѓи — главна и единствена црква во долнореканското село Велебрдо.[1] Црквата се наоѓа во крајниот јужен дел од селото, на околу стотина метри по исклучување од десната страна на долниот крак од патот кој минува низ селото.

Архитектура

Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Ѕидовите на црквата содржат повеќе монофори и слепи ниши. Влезната врата се наоѓа на западната страна и над неа има ниша со правоаголна слика со ликот на Свети Георги. Црквата во целост е изградена од камен. Влезниот простор е покриен со кров од ќерамиди, додека крилата и куполата се покриени со лимен кров.

Во дворот на црквата има помошен објект.

Галерија

Поврзано

Наводи

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 36. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya